Oсумнеделна обука за кариерни советнички помеѓу маргинализираните жени

Во месец февруари, во рамки на проектот Кариерни ангели – Иновативен модел за развој на кариера наменет за жени во социјален ризик, започнуваме со осумнеделна обука за кариерни советнички (кариерни ангели) помеѓу маргинализирани жени во Северна Македонија. Оваа обука има за цел да ги зајакне капацитетите на маргинализираните жени во социјален ризик, и да им се даде поддршка понатаму во пренесување на стекнатите вештини во своите заедници а со цел да се им се зголеми компетитивноста на пазарот на трудот.

Обуката ќе се спроведува согласно програмата изработена во соработка со АСК –  Асоцијацијата на советници за развој на кариера, која има за цел да овозможи кариерен развој на жени од социјален ризик и да креира простор за создавање на континуирана интеграција на пазарот на трудот на овие жени. Програмата е дизајнирана да обезбеди релевантен одговор на потребите и да придонесе за намалување на стапките на невработеност кај ранливите и маргинализираните жени (жени од ромското и албанското етничко малцинство, сексуални работнички, трансродови жени, жени кои користат дроги, самохрани мајки, жени од рурални средини, жени мигрантки, бисексуалки и жени кои живеат со ХИВ, како и жени кои живеат во сиромаштија) во Северна Македонија.

Обуката наменета за кариерни советнички (кариерни ангели) помеѓу маргинализираните жени, ќе се одржува во месеците февруари и март и започнува на 15.02.2024 во просториите на ГРЦ – Граѓански Ресурсен Центар, и истата ќе ја водат искусни тренери, експерти за кариерен развој од Асоцијацијата на советници за развој на кариера.

Со завршување на програмата секоја учесничка ќе има можност да се стекне со сертификат за успешно завршена обука и стекнати знаења за кариерен развој.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Tags: ,