Политика за користење на колачиња

Цели на политиката

Политиката за користење на колачиња на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, објаснува што се колачиња, видовите на колачиња т.е. информациите што ги собира, како тие информации се користат, и како се контролираат преференциите за колачиња на официјалната веб-страница на Здружението: starsexwork.org. Со пристапувањето на веб-страницата starsexwork.org, се отвора порака, односно се појавува прозорче кое известува дека веб-страницата користи колачиња, со можност да изберете да ги прифатите колачињата, да ги одбиете колачињата или да го прилагодите користењето на колачињата на веб-страницата.

Што се колачиња?

Колачиња (на анг. cookies) се мали текстуални датотеки што се користат за складирање мали парчиња информации. Тие се складираат на Вашиот уред кога се вчитува веб-страницата на Вашиот интернет прелистувач. Овие колачиња ни помагаат за правилно функционирање на веб-страницата, ја прават истата побезбедна, овозможуваат подобро корисничко искуство, како и да разбереме како работи веб-страницата и каде е потребно подобрување.

Како ги користиме колачињата?

Како и со повеќето интернет сервиси, така и веб-страница на Здружението користи сопствени и од трети страни колачиња за неколку намени. Сопствените колачиња се најмногу неопходни за веб-страницата да функционира правилно и тие не собираат никакви лични податоци што би можеле да Ве идентификуваат.

Колачињата од трети страни што се користат на веб-страницата се воглавно за разбирање на користењето на веб-страницата, потоа овозможуваат остварување интеракција со нашата веб-страница, ги чуваат нашите услуги безбедни, Ви овозможуваат релевантни реклами, како и овозможување на подобро и усовршено корисничко искуство и помош во забрзувањето на Вашите идни интеракции со веб-страницата. Користињето на овие колачиња од трети страни ни помага да анализираме како ја користите оваа веб-страница, да ги запомнат Вашите преференции, и според тоа да Ви понудиме релевантни содржини и реклами. Овие колачиња се складираат во Вашиот интернет прелистувач со Ваша претходна согласност.

Видови на колачиња

Веб-страницата на Здружението користи колачиња со цел да им помогне на корисниците/посетителите ефикасно да навигираат и да извршуваат одредени функции. Подолу, се наведени детални информации за сите колачиња кои ги користи веб-страницата, распределени под категории.

Колачињата што се категоризирани како „неопходни“ се складираат на Вашиот интернет прелистувач бидејќи тие се есенцијални за овозможување на основната функционалност на веб-страницата.

Можете да изберете да ги овозможите или оневозможите некои или сите од овие колачиња, но онезможувањето на некои од нив може да влијае врз Вашето корисничко искуство на веб-страницата.

  • Неопходни колачиња (секогаш активни)

Неопходните колачиња се потребни за да се овозможат основните функционалности на веб-страницата, како што се обезбедување на безбедно најавување или прилагодување на Вашите преференции на согласноста за колачиња. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци што може да Ве идентификуваат.

  • Функционални колачиња

Функционалните колачиња помагаат во извршувањето одредени функционалности како споделување на содржините на веб-страницата на социјалните мрежи, прибирање повратни информации и друго.

  • Аналитика

Аналитичките колачиња се користат заради добивање увид во и разбирање на интеракцијата на посетителите со веб-страницата. Тие помагаат во прибирањето статистички податоци, како на пример бројот на посетители, демографски податоци за нив, изворот на интернет сообраќајот до веб-страница, итн.

  • Перформанси

Перформансните колачиња се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси на перформансите на веб-страницата, што помага во испорачувањето подобро корисничко искуство за корисниците/посетителите.

  • Реклами

Рекламните колачиња се користат за да им се овозможат на корисниците/посетителите прилагодени реклами врз основа на страниците што претходно ги посетиле и за анализа на ефикасноста на рекламните кампањи.

Управување со преференциите за колачиња

Можете да ги промените Вашите преференции за колачиња во секое време со кликнување на копчето подолу од левата страна на Вашиот екран. Тоа ќе Ви овозможи повторно да го посетите банерот за согласност за колачиња и да ги промените Вашите преференции или да ја повлечете Вашата согласност.

Дополнително, различни интернет прелистувачи нудат различни методи за блокирање и бришење на колачињата што ги користат веб-страниците. Можете да ги промените подесувањата на Вашиот интернет прелистувач за да ги блокирате/избришете колачињата. За да дознаете повеќе како да ги управувате или избришете колачињата, посетете ги wikipedia.org, allaboutcookies.org, cookiedatabase.org.

Како корисници на веб-страницата starsexwork.org, Вие имате право да ги контролирате колачињата, односно да побарате да се избришат, да бидете известени за нивното користење, да датете согласност за нивното користење. За подетални информации за Вашите права како субјекти на лични податоци обратете се до овластеното лице за заштита на лични податоци на СТАР-СТАР Скопје на следнава електронска пошта communications@starsexwork.org или обратете се до Агенцијата за заштита на личните податоци на РСМ на следнава електронска пошта info@privacy.mk.

Последно ажурирање на: 16 ноември 2022
Применливо од: 16 ноември 2022