Дома

umbrrella balkans

СТАР

Прв Kолектив на Сексуални Работници на Балкaнот

Информирај се

 

 

 

ЗА СЕКСУАЛНАТА РАБОТА

Што претставува сексуалната работа?

Сексуалната работа е непринудна продажба на сексуални услуги за пари или други материјални добра, помеѓу согласни возрасни лица.

Сексуалната работа подразбира нудење сексуални услуги на отворена и затворена сцена и вклучува нудење ескорт услуги, сексуални услуги преку телефон, порнографија, стриптиз, еротска масажа и сексуални услуги преку интернет портали. Сексуален работник може да биде маж, жена или трансродово лице.

Во Република Северна Македонија не постојат конкретни закони за регулација на сексуалната работа. Вршењето дејност поврзано со сексуалната работа се смета за нарушување на јавниот ред и мир: „Кој се оддава на проституција, како и издава, односно става на располагање простории за вршење на проституција ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност, додека некои други активности поврзани со сексуалната работа (подведување, охрабрување, заработување од посредување за сексуални услуги) се третираат и казнуваат како кривични дела“. Ова се дел од низата селективни закони кои влијаат на дигнитетот и човековите права на сексуалните работници, зголемување на насилството и стигматизацијата, како и создавање недоверба кон самите институции.

Иако сексуалната работа има долга историја во скоро секоја култура и општество, сексуалните работници не ретко се соочуваат со стигма, дискриминација, малтретирање и насилство, од страна на општата јавност и институциите. Во Република Северна Македонија, сексуалната работа не е признаена како работа, што често ги принудува сексуалните работници да работат тајно и да се кријат, да не зборуваат отворено за својата работа, ниту со семејството, ниту со партнерите, плашејќи се да не бидат откриени. Сексуалните работници се социјално исклучени, истите се соочуваат со низа проблеми кои имаат негативно влијание врз нивниот живот и работа.

ПОВЕЌЕ… ЗАТВОРИ…

Црвениот чадор – глобален симбол на сексуалната работа

Црвениот чадор го симболизира отпорот против насилството, временските и човековите напади.

Тој ја симболизира заштитата на сексуалните работници од злоупотреба од страна на полицијата, макроата, клиентите, општеството. Црвената боја симболизира убавина.

Црвениот чадор за прв пат беше искористен од страна на сексуалните работници и нивните поддржувачи во Венеција, Италија во 2001 година. Таканаречениот Прв светски конгрес на сексуални работници беше уметничка инсталација на словенечкиот уметник Тадеј Погачар, поставен во рамките на 49-тото Венециско биенале, помеѓу 6-ти и 8-ми јуни во 2001 година.

Организиран на јавен простор под шатор во „Павиљон на проститутките” на настанот учествуваа група учесници и индивидуалци од Тајван, Тајланд, Виетнам, Италија, Камбоџа, Германија, САД и од Австрија. Тие ја презентираа ситуацијата на пазарот и дискутираа за стратегија во борбата за човекови права на сексуалните работници. Беа организирани видео проекции, изложби, перформанси, уличен театар од активисти и беа дистрибуирани печатени материјали.

Една од активностите беше маршот на црвениот чадор. Сексуалните работници маршираа по улиците на Венеција и користеа мегафони и цврени чадори, со што укажуваа на лошите услови за работа и злоупотребата на човековите права со кои тие се соочуваат.

Маршот започна пред шаторот на павиљонот движејќи се кон центарот на градот. Меѓународниот комитет за правата на сексуалните работници го усвои црвениот чадор како симбол за отпор против дискриминацијата. Сите знаеме какво глобално значење има црвената панделка, црвениот чадор би можел да го има истото.

ПОВЕЌЕ… ЗАТВОРИ…

Декларација на сексуалните работници

Декларацијата на сексуалните работници е изготвена од сексуални работници и организации посветени на промовирање на нивните човекови права и благосостојба.

Декларацијата ги наведува правата кои сите граѓани на Европа, вклучувајќи ги и сексуалните работници ги имаат согласно Меѓународниот закон за човекови права.

Декларацијата ги опишува мерките и праксите кои потписниците на Декларацијата веруваат дека се потребни за осигурување на минимална почит и заштита на овие права. Овие права мораат да се почитуваат и штитат во развојот и воведувањето на политиките и програмите креирани за справување со трговијата со луѓе, нередовна миграција и тероризам.

ПОВЕЌЕ… ЗАТВОРИ…
declaration

КОИ СМЕ НИЕ?

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје е основано во 2010 година и претставува прв и единствен облик на самоорганизирање на заедницата на сексуални работници во Република Северна Македонија и на Балканот. Препознаени како СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, повеќе од 10 години СТАР-СТАР се залага за застапување и промовирање на правата на сексуалните работници во социјалниот, здравствениот и правниот систем на државата.

Од 2007 до 2010 година, СТАР-СТАР претставуваше активистичко движење на група млади луѓе кои имаа една заедничка цел – унапредување и промоција на правата на сексуалните работници во Северна Македонија, притоа активно вклучувајќи ги лицата од сексуалната индустрија во имплементација на своите активности.

Со цел да ја промовира важноста на цивилниот сектор во процесите за демократски развој и управување, кон средината на 2010 година СТАР-СТАР поднесе иницијатива за влез во Централниот регистар на РСМ. На 25.05.2010 година СТАР-СТАР беше заведен во Централниот регистар како Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје. 

ПОВЕЌЕ…

АКТУЕЛНО

17-ти декември – Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници – 2024

Денес, го одбележуваме 17-ти декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Овој ден е потсетник за борбата за правата, безбедноста, и достоинство на сексуалните работници, како и за предизвиците со кои…

Лила Милиќ е годинешната добитничка на престижната државна награда „Мето Јовановски“

Лила Милиќ, претседателка на СТАР-СТАР Скопје и ко-основачка на ТрансФормА е годинешната добитничка на престижната државна награда „Мето Јовановски“ заедно со „Центарот за граѓански комуникации“ (ЦГК) од Скопје, што претставува највисоко признание за нејзините долгогодишни…

Реакција на Платформата за родова еднаквост – Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени

Пресудата која Основниот Кривичен Суд во Скопје ја донесе против 13 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на детска порнографија е огромно разочарување и несоодветно ја рефлектира тежината на…

ПОСТАРИ…

S-WORK МАГАЗИН

S-Work Nо.123

Во новиот број на S-Work Nо.123 можете да прочитате: 17-ти декември – Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници Оваа година, СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, одбележува јубилеј – 15 години…

S-Work Nо.122

Во новиот број на S-Work Nо.122 можете да прочитате: Европска коалиција за права и вклучување на сексуалните работници На последниот ден од Конгресот на сексуални работници кој се одржа во Брисел (од 11-ти до 13-ти …

S-Work No.121

Во новиот број на S-Work Nо.121 можете да прочитате: Криминализација на купувањето сексуални услуги: Искуства од нордискиот регион Краткиот извештај насловен Криминализација на купувањето сексуални услуги: Искуства од нордискиот регион ги испитува ефектите од криминализацијата…

ПОСТАРИ…

КАМПАЊИ

Секоја година, СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот, се приклучува во одбележување на значајни денови за нашата заедница. Заедничкото делување и организирање на јавни кампањи, културни настани и протестни маршови претставува клучен елемент во процесите на застапување на сексуалната работа и подигнување на јавната свест за препознавање и унапредување на нашите основни човекови права.

14-ти септември Меѓународен ден на гордоста на сексуалните работници

Овој ден се одбележува по иницијативата која ја покрена NSWP (The Global Network of Sex Work Projects), во 2019 година. Меѓународниот ден на гордоста на сексуалните работници го слави самоопределувањето и зголемената видливост на заедницата на сексуалните работници на глобално ниво и има за цел да ги покаже сите достигнувања на меѓународните организации предводени од сексуални работници во борбата за заштита на човековите права.

3-ти март Меѓународен ден на правата на сексуалните работници

Сексуалните работници од целиот свет го одбележуваат 3-ти март – Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници. Идејата за одбележување на овој ден датира уште од 2001 година, кога повеќе од 25000 сексуални работници се собрале на фестивал во Индија. Како организатор на целиот настан стои Комитетот на сексуални работници Durbar Mahila Samanwaya со седиште во Калкута, чие членство брои повеќе од 50000 сексуални работници. Оттогаш, секоја година се слави 3-ти март од страна на сексуалните работници, нивните поддржувачи и активисти од целиот свет.

2-ри јуни Меѓународен ден на сексуалните работници

Меѓународниот ден на сексуалните работници се одбележува секоја година на 2-ри јуни во Европа и низ целиот свет.  Овој ден се смета за симболично раѓање на активистичкото движење на сексуалните работници во борбата за почитување на нивните права.

Како повод за одбележување на овој ден претставува акцијата во 1975 година, кога на 2-ри јуни се собрале околу 100 сексуални работници кои ја окупирале црквата Св. Низиер во Лион, Франција, со цел да го изразат својот гнев за нивните дискриминирани и експлоатирани услови за живеење и работење. На 10-ти јуни, во 5 часот црквата била брутално нападната од страна на полицијата. Протестната акција претставува почеток на меѓународното движење на сексуалните работници кои се залагаат за своите човекови права.

17-ти декември Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници

Одбележувањето на овој ден е од големо значење за сите сексуални работници со цел гласно да говорат против дискриминацијата и да ја подигнат свесноста кај пошироката популација која секојдневно поттикнува насилство и агресија кон оваа маргинализирана група на луѓе.

Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници за прв пат беше одбележан во 2003 година како спомен и почит за жртвите – сексуални работници на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон, кој потоа беше осуден на доживотна казна затвор. Оттогаш, на овој ден секоја година се организираат протесни маршови на сексуалните работници од целиот свет со цел да ја истакнат потребата за ставање крај на насилството со кое се соочува оваа маргинализирана група.

ПУБЛИКАЦИИ

Анализа на правната рамка во Република Северна Македонија во однос на дигиталната безбедност и дигиталните права на сексуалните работници

Оваа анализа има за цел да отвори дискусија за човековите права на маргинализираните заедници, пред сѐ на сексуалните работници, во дигиталниот простор, со фокус на дигиталните права и дигиталната безбедност. Дигиталните права за Северна Македонија…

Извештај за политики за носителите на одлуки: Зајакнување на родовата чувствителност на Националната стратегија за ХИВ во Република Северна Македонија

Сервисите за превенција од ХИВ овозможени преку граѓанските организации во Република Северна Македонија беа воведени, воспоставени и изградени во периодот од 2005 до 2017 година со поддршката на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза…

Извештај од истражување: Искуства, знаења и потреби на сексуалните работници во Република Северна Македонија при остварување на човековите права од социјалната и здравствената заштита

Пристапот до социјалните и здравствени услуги за сексуалните работници е сложено и повеќеслојно прашање кое значително се разликува во различни региони и земји. Важно е да се потенцира дека генерално, сексуалната работа е спорна тема…

ПОСТАРИ…