Политика за приватност

Оваа Политика за приватност ги опишува практиките на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за собирање, користење и откривање на Вашите информации кога ја користите официјалната веб-страница starsexwork.org на Здружението. Со пристапувањето или користењето на веб-страницата, Вие се согласувате со собирањето, користењето и откривањето на Вашите информации во согласност со оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со истата, Ве молиме не пристапувајте или не ја  користете веб-страницата.

СТАР-СТАР Скопје има право да прави измени во Политиката за приватност во секое време без претходно известување до корисниците, а ревидираната Политика за приватност се објавува на веб-страницата. Ревидираната политика стапува во сила 10 дена од моментот кога е објавена на веб-страницата и Вашиот континуиран пристап или користење на веб-страницата после тоа време ќе претставува Ваше прифаќање на ревидираната Политика за приватност. Затоа, препорачуваме периодично да ја прегледувате веб-страницата.

Вашите права

Согласно Законот за заштита на личните податоци, ги имате следниве права:

  • Право да побарате од Здружението пристап, исправка или бришење на Вашите лични податоци;
  • Право да добиете копија од Вашите лични податоци што ги користи Здружението;
  • Право на ограничување или приговор на обработката на Вашите лични податоци;
  • Право на преносливост на личните податоци;
  • Право на повлекување на согласноста што сте ја дале за да ги обработуваме Вашите лични податоци и
  • Право да поднесете поплака до Агенцијата за заштита на личните податоци доколку сметате дека начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци ги повредува одредбите од законот.

За да ги остварите горенаведените права, исконтактирајте го Овластеното лице за заштита на личните податоци на СТАР-СТАР Скопје, на следнава електронска пошта: communications@starsexwork.org. На Вашето барање ќе биде одговорено во законски предвидениот рок.

Имајте предвид дека ако не ни дозволите да ги собираме или обработуваме потребните лични податоци или ја повлечете согласноста за обработката на истите за потребните цели, може да не бидете во можност да пристапите или да ги користите услугите за коишто Вашите информации биле побарани.

Веб-страница не собира ниедни други лични податоци од посетителите освен адресата на интернет протокол (IP address), која попатно се анонимизира, а само заради забележување на согласноста и преференциите на посетителите за користење на колачиња.

Колачиња

За да дознаете повеќе како ги користиме колачињата на веб-страницата на Здружението и Вашите опции во врска со овие технологии за следење, Ве молиме консултирајте ја нашата Политика за колачиња.

Безбедност

Безбедноста на Вашите информации е важна, при тоа се употребуваат разумни безбедносни мерки со цел спречување на загуба, злоупотреба или неовластено менување на Вашите информации кои се под контрола на Здружението. Сепак, со оглед на инхерентните ризици, Здруженеито не гарантира апсолутна безбедност и следствено, не можеме да ја осигураме или гарантираме безбедноста на кои било информации што ни ги пренесувате и тоа го правите на Ваш сопствен ризик.

Хиперврски од трети страни и користење на вашите информации

Веб-страницата може да содржи хиперврски до други веб-страници што не се управувани од наша страна. Оваа Политика за приватност не се однесува на политиките за приватност и другите практики на трети страни, вклучително трети страни што управуваат со веб-страница или услуга до која може да се пристапи преку хиперврска на нашата веб-страница. Ви препорачуваме да ја прегледате Политика за приватност на секоја веб-страница што ја посетувате. Здружението нема контрола и не презема одговорност за содржината, политиките за приватност или практиките на веб-страниците или услуги на трети страни.

Информации за контакт од овластеното лице за заштита на личните податоци на СТАР-СТАР Скопје

Контакт информации за Овластено лице за заштита на личните податоци на СТАР-СТАР Скопје:

Име и презиме: Ивана Ацевска;

Електронска пошта: communications@starsexwork.org

Контакт телефон: +389 (2) 32 32 411

Последно ажурирање на: 16 ноември 2022 
Применливо од: 16 ноември 2022