1. Објавувач на повикот
Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, на ден 26.05.2026 година, објавува Јавен повик за избор на експерт/ка за изработка на стратешки план за 2026 – 2029 година.
Овој ангажман се реализира во рамки на Грант бр: 100271-2024 кој претставува грант за основна поддршка на здружението, поддржан од фондацијата Red Umbrella Fund.
Повеќе за работата на здружението на следниот линк.
Повеќе за Стратешкиот план 2022-2025 на здружението на следниот линк.
2. Цел на ангажманот
Целта на ангажманот е подготовка и фасилитација на процес за стратешко планирање преку консултативен и партиципативен пристап, кој ќе резултира со изработка на Стратешки план на СТАР-СТАР Скопје, за периодот 2026-2029 година.
Стратегијата треба да ги опфати:
- визија, мисија и вредности;
- стратешки цели и приоритети;
- програмски области и активности;
- организациски развој и одржливост;
- пристап кон застапување, видливост и вмрежување.
3. Опис на задачите
Ангажираниот/ната експерт/ка ќе биде задолжен/а да:
- Подготви методологија и план за спроведување на процесот на стратешко планирање;
- Спроведе консултативни средби/работилници со потесното раководство, тимот на соработници и членството на здружението.
- Фасилитира процес за дефинирање на:
- визија;
- мисија;
- стратешки приоритети;
- цели и очекувани резултати за периодот 2026–2029;
- Подготви нацрт и финална верзија на Стратешкиот план;
- Подготви краток финален извештај за спроведениот процес и препораки за имплементација на стратегијата.
4. Период на реализација
Ангажманот ќе се реализира во периодот од 05.06.2026 до 30.06.2026 година а ќе ги опфати сите активности наведени под точки 1 до 5 од описот на задачите.
5. Финансиска понуда
Кандидат(к)ите, за ангажманот треба да достават финансиска понуда во бруто износ, изразена во евра (EUR).
6. Критериуми за избор
- Најмалку 3 години искуство во процесите на стратешко планирање;
- Искуство во фасилитација на овие процеси кај најмалку 3 граѓански организации;
- Силно познавање на темите сексуално насилство, родово-базирано насилство, човекови права и сексуална работа;
- Квалитет на предлог програма/методологија за работа;
- Економски најповолна понуда.
Предност ќе имаат кандидати со:
- Искуство со работа и/или познавање на правата и потребите на сексуалните работници/чки и други маргинализирани заедници во Република Северна Македонија.
7. Склучување договор
Здружението ќе именува Комисија за евалуација и изборнајдоцна во рок од 3 (три) работни дена по завршување на повикот. Со избраниот експерт/ка, здружението ќе склучи договор за повремен ангажман. Условите за ангажманот ќе бидат дополнително усогласени во договор помеѓу двете страни. Доколку комисијата не спроведе избор, јавниот повик може да биде продолжен.
8. Потребни документи за аплицирање
- Кратко мотивациско писмо;
- Професионална биографија (CV) која прикажува релевантно искуство;
- Предлог програма/методологија за фасилитација и изработка на стратешкиот план;
- Финансиска понуда изразена во бруто износ во евра (EUR).
9. Начин и рок за аплицирање
Документите треба да се достават со назнака:
Јавен повик – Експерт/ка за изработка на Стратешки план 2026-2029 на следната електронска адреса: star.contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 01.06.2026 година, 16:00 часот.
Нецелосни апликации и пријави доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат. Избраниот кандидат/ка ќе биде известен/а по електронски пат, најдоцна до 04.06.2026 година.
Во прилог ЈАВНИОТ ПОВИК за избор на експерт/ка за изработка на стратешки план за 2026 – 2029 година во оригинална форма на следниов линк.

