Ревидиран СТРАТЕШКИ ПЛАН 2022-2025

Во периодот ноември – декември 2023, СТАР-СТАР спроведе ревизија на организацискиот Стратешки план 2022-2025 година, со цел ревидирање на стратешките приоритети, цели и активности согласно потребите на заедницата на сексуални работници како и соодветното планирање на организациската насока на делување во идниот период.

Во процесот на ревизија, беа одржани две работилници со претставници на управните тела и менаџментот, фасилитирани од страна на ангажиран експерт на кои беа утврдени тековното опкружување, развојот и потребите на заедницата, ажурирана организациската Теорија на промени и ревидирана генералната SWOT анализа. Дополнително беше одржан состанок со Управниот одбор за одобрување на ревизијата и во март 2024 година на седницата на Годишното собрание на Здружението беше усвоен ревидиран СТРАТЕШКИ ПЛАН на Здружението 2022-2025.

Успехот на организацијата, освен со остварување на предвидените цели во рамки на стратешките приоритети се мери и со обезбедената одржливост на резултатите преку трајните промени кои придонесуваат за подобар живот на заедницата, почитување на нивните човекови права и слободи.

Доброто стратешко планирање предвидува сериозен пристап кон обезбедување на одржливост на тие промени и овозможува развој на заедницата која е способна сама да ги фасилитира промените кои ѝ се потребни.

Ревидираниот СТРАТЕШКИ ПЛАН 2022 – 2025 на Здружението може да се прочита/преземе на следниов линк:

Ревидиран СТРАТЕШКИ ПЛАН 2022-2025

Tags: ,