Одржано ГОДИШНО СОБРАНИЕ на членовите на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2023 година

На ден 22.03.2024 година во Хотел Панорамика Дизајн&СПА во Скопје, со почеток во 12 часот, се одржа Годишно собрание на членовите на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2023 година.

Согласно Статутот на Здружението и Деловникот за работа на Собранието, сите членови на Здружението со право на глас според Регистерот на членство на Здружението беа уредно повикани преку Јавен повик на Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2023 година, објавен на веб-страницата на Здружението на ден 01.03.2024 година. Дополнително, членовите беа лични поканети со покани испратени по пат на електронска пошта.

Со присуство на мнозинството од сите членови со право на глас заведени во Регистерот на членство на Здружението, се одржа Годишното собрание на членовите на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2023 година.

Со седницата на Годишното собрание, раководеше Претседателот на Здружението. За работата на седницата на Годишното собрание на членовите на Здружението за деловната 2023 година, беше предложен дневен ред составен од процедурален, изборен и работен дел, по кој присутните членови на Собранието беа повикани да гласаат по секоја од наведените точки од дневниот ред.

Откако беше утврден кворум за работа на Собранието, согласно утврдената верификација на присуството на членовите на Годишното собрание, а кое се состоеше од лично присуство и преку онлајн конференциска врска, на Годишното собрание, со мнозинство гласови од присутните членови на Собранието беа донесени одлуки за усвојување на стратешки документи на организацијата произлезени од работата и делувањето на Здружението во деловната 2023 година и документи кои се важни за остварување на работата за оваа 2024 година.

Со исцрпување на сите точки од дневниот ред на седницата, Претседателот на Здружението ја затвори седницата на Годишното собрание на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2023 година.

Оваа стратешка активност се реализира со поддршка од фондацијата Red Umbrella Fund.

Tags: