Повик за учество на работилница за кариерен развој на жени во социјален ризик

Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје во соработка со Асоцијација на советници за развој на кариера – АСК организира работилница за кариерен развој на жени во социјален ризик, која ќе се одржи на 22 мај 2024 година (среда), во Скопје.

Целта на обуката е да се обезбедат и развијат основни алатки и вештини за кариерен развој на жените во социјален ризик, кои би придонеле кон зајакнување на нивната компетитивност на пазарот на трудот. При тоа право на учество имаат жени во социјален ризик кои се дел од ромското и албанското етничко малцинство, сексуални работнички, трансродови жени, жени кои користат дроги, самохрани мајки, жени од рурални средини, жени мигрантки, бисексуалки и жени кои живеат со ХИВ, како и жени кои живеат во сиромаштија. Предавачи на обуката ќе бидат сертифицирани кариерни советнички од Асоцијација на советници за развој на кариера – АСК, со кои Здружението има остварено успешна и плодна соработка.

Избраните учеснички ќе имаат можност преку оваа работилница, да се запознаат со основите на кариерното планирање, да ги осознаат своите вештини, интереси и вредности потребни за пазарот на труд и да креираат индивидуални кариерни планови.

Работилницата е бесплатна за сите учеснички и ќе се одвива по однапред подготвена агенда во времетрање од 6 часа (од 11:00 до 17:00, со вклучени паузи). На работилницата ќе биде обезбеден по еден оброк и освежување, и ќе бидат покриени патните трошоци за секоја од учесничките.

Доколку сте заинтересирани за учество, Ве молиме доставете ги Вашите пријави на следниов онлајн формулар: Пријава за Работилница за кариерен развој на маргинализираните жени 22.05.2024, најдоцна до 15 мај 2024 година (среда).

Сите избрани учеснички ќе бидат информирани најдоцна до 17 мај 2024 година (петок) за резултатите од селекцијата, како и за точната локација на одржување на работилницата.

Доколку ви се потребни дополнителни информации или имате прашања, слободно обратете ни се на следниов меил: star.contact@yahoo.com

Работилницата за кариерен развој на жени во социјален ризик се спроведува во рамки на проектот Кариерни ангели – Иновативен модел за развој на кариера наменет за жени во социјален ризик.