Реализирана втора обука за запознавање со механизмите за заштита од дискриминација за сексуалните работници – лидери во заедницатате структури на Здружението СТАР-СТАР Скопје

На ден 27.03.2023 година во Скопје, СТАР-СТАР ја одржа втората еднодневна „Обука за запознавање со механизмите за заштита од дискриминација за сексуалните работници – лидери во заедницата“. Обуката, која се спроведува во рамки на проектот „Охрабрени сексуални работници против дискриминација“, има за цел ги обучи лидерите во заедницата за препознавање и користење на механизмите за заштита од дискриминација врз сексуалните работници кои стекнатите знаења и вештини ќе ги дисеминираат кон останати лица од заедницата.

Учесниците преку предавања и интерактивни вежби се запознаа со основите и клучните поими за тоа што претставува дискриминација и како да ја препознаеме, како и за механизмите за спречување и заштита од дискриминација. Во рамки на обуката како вежба, учесниците пополнуваа онлајн формулар за документирање на случаи на дискриминација кон сексуални работници.

На обуката присуствуваше член претставник на Комисија за спречување и заштита од дискриминација кој подетално ја објасни нејзината улога и надлежностите и постапките за спречување од дискриминација.

Проектот се реализира во рамки на програмата „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“, која ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС.

Tags: , , ,