Реализирана првата обука за запознавање со механизмите за заштита од дискриминација за управните и раководните структури на Здружението СТАР-СТАР Скопје

На 10.03.2023 година во Скопје, СТАР-СТАР ја одржа првата еднодневна „Обука за запознавање со механизмите за заштита од дискриминација за управните и раководните структури на Здружението СТАР-СТАР Скопје“. Обуката, која се спроведува во рамки на проектот „Охрабрени сексуални работници против дискриминација“, има за цел да ги зајакне и унапреди нашите вештини за искористување на механизмите за заштита од дискриминација во процесите на застапување за правата на сексуалните работници.

Учесниците преку предавања и интерактивни вежби се запознаа со теоретските концепти  и клучни институти за принципите на еднаквост и недискриминација, како и институционалната рамка за заштита од дискриминација. Во рамки на обуката како вежба беше изготвен план за застапување кој ќе придонесе кон стратешките определби на организацијата за борба против дискриминацијата.

Дополнително, на обуката присуствуваше и член претставник на Комисија за спречување и заштита од дискриминација кој ја објасни нејзината улога и надлежностите во унапредувањето на правата на сексуалните работници, како и постапките во заштитата од дискриминација.

Проектот се реализира во рамки на програмата „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“, која ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС.

Tags: , ,