Со кампањата „Месец на сексуалните работници“ до намалување на предрасудите и стереотипите кај јавноста

По повод одбележувањето на 2-ри јуни Меѓународниот ден на сексуалните работници, СТАР-СТАР спроведе кампања „Месец на сексуалните работници“ со цел намалување на предрасудите и стереотипите кај пошироката популација за борбата против дискриминацијата и зголемување на видливоста за правата на сексуалните работници и доброволната сексуална работа во општеството. Во рамки на кампањата, во месец јуни спроведовме три јавни настани „Жива библиотека со сексуални работници“, во три градови од Северна Македонија, Струмица, Гостивар и Скопје.

На 09.06.2023 (петок), со почеток од 18:00 часот, го одржавме првиот од серијата отворени јавни настани „Жива библиотека со сексуални работници“ во Европска куќа – Струмица:

На 16.06.2023 (петок), со почеток од 14:00 часот, го одржавме вториот од серијата отворени јавни настани „Жива библиотека со сексуални работници“ во Граѓански ресурсен центар – Гостивар:

На 23.06.2023 (петок), со почеток од 18:00 часот, го одржавме и последниот отворен  јавен настан „Жива библиотека со сексуални работници“ во Европска куќа – Скопје:

Целта на трите јавни настани беше подигање на јавната свест против дискриминацијата врз сексуалните работници. На настаните, посетителите од општата јавност имаа можност да ги слушнат личните приказни на сексуалните работници и да прашаат за нивните искуства, како и да се информираат за актуелната состојба на сексуалните работници во државата.

Настаните беа организирани во рамки на проектот „Охрабрени сексуални работници против дискриминација“ кој има за цел да го зајакне граѓанскиот одговор со кој се промовираат и унапредуваат принципите на недискриминација и еднаквост на човековите права на сексуалните работници. Проектот се реализира во рамки на програмата „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“, која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), а финансиран од Европската унија.

Tags: , ,