ЈАВЕН ПОВИК за свикување на Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2025 година

Врз основа на Одлуката за свикување Годишно Собрание на членовите на Здружението за деловната 2025 година број 02-038/1 донесена од страна на Претседателот на ден 10.03.2026 година, и член 24 став (2) од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010, 135/2011 и 55/2016)  и член 18 од Статутот на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје (Пречистен текст) од 03.03.2022 година, Претседателот на Собранието/Здружението за поддршка на маргинализирани работници (во понатамошниот текст само Здружението) на ден 11.03.2026 година објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за свикување на Годишно собрание на членовите на

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ

СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2025 година

 

 1. ДАТУМ, ЧАС И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

Со Одлука за свикување на Годишно Собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ донесена од страна на Претседателот на ден 10.03.2026 година, се свикува седница на Годишното собрание на членовите на Здружението за деловната 2025 година.

Годишното собрание ќе се одржи преку онлајн платформата Microsoft Teams, на ден 19.03.2026 година (четврток), со почеток во 17 часот.

Линкот за приклучување на Microsoft Teams платформата ќе биде доставен до членовите по електронски пат, а по потреба и преку други комуникациски канали најдоцна три дена пред одржувањето на Годишното собрание.

2. РАБОТЕН ДЕЛ

За работа на седницата на Годишното собранието на членовите на Здружението се предлага следниот:

Р А Б О Т Е Н  Д Е Л

I.Процедурален дел;

II.Изборен дел;

III. Работен дел.

 3. ДНЕВЕН РЕД

За работа на седницата на Годишното Собрание на членовите на Здружението се предлага следниот:

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

I. Процедурален дел

1.Отворање на Годишното собрание на членовите на Здружението;

2.Утврдување кворум за работа на Собранието;

3.Верификација на списокот на пријавени и присутни членови и/или нивни полномошници согласно Регистерот на членови на Здружението;

II. Изборен дел

  1. Избор и именување на членови на Комисија за гласање и Претседател на Комисијата за гласање;
  2. Избор и именување на Записничар на Собранието;
  3. Избор и именување на Оверувачи за записникот од Собранието.

III. Работен дел.

1.Разгледување и усвојување на Годишен извештај на здружението за деловната 2025 г.

ПРИЛОГI_Годишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2025година;
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Годишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2025 година.

2.Разгледување и усвојување на Завршната сметка и Даночен биланс на Здружението за деловната 2025 година

ПРИЛОГI_Завршна сметка на Здружението за 2025 година;

ПРИЛОГII_Даночен биланс на Здружението за 2025 година;

ПРИЛОГIII_Одлука за усвојување на Завршната сметка и Даночен биланс на Здружението за деловната 2025 година.

3.Разгледување и усвојување Програма за работа на Здружението за деловната 2026

ПРИЛОГI_Програма за работа на Здружението за 2026 година;

ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Програма за работа на Здружението за 2026 година.

4.Разгледување и усвојување на измени во Статутот на Здружението – измена на член 3 (промена на седиштето на организацијата)

ПРИЛОГ I – Предлог одлука за измена на член 3 од Статутот на Здружението.

5.Разгледување и усвојување на измени во Правилникот за набавка на стока, добра и услуги

ПРИЛОГ I – ПредлогизменетПравилник за набавка на стока, добра и услуги;

ПРИЛОГ II – Одлука за усвојување на измените во Правилникот.

6.Прием на нови членови и одземање членство

ПРИЛОГI_Регистер на членство на членови од редовите на заедницата

ПРИЛОГII_Регистер на членство на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението.

ПРИЛОГIII_Одлука за прием на членови од редовите на заедницата и прием на членови на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението

ПРИЛОГIV_Одлука за одземање на членство на членови од редовите на заедницата и одземање членство на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението.

7.Разно

4.Право на учество

Право на учество на Собранието имаат сите членови со право на глас кои пристапиле кон членство во Здружението поднесувајќи Пристапница за членство од редовите на заедницата, најдоцна до 14 дена пред денот на одржување на седница на Собранието.

На Собранието, членовите на Здружението ќе учествуваат онлајн, а во случај на спреченост да овластат полномошник да ги застапува со полномошно.

Претседателот на Собранието се стекнува со право да покани гости на Собранието без право на глас.

5. Материјали

Материјалите за Годишното Собрание на Здружението Стар-Стар Скопје им се достапни на увид на сите членови со право на глас, од денот на објавување на овој Јавен повик, во вторник и четврток од 10 до 17 часот во просториите на Здружението.

Материјалите во електронска форма ќе бидат испратени до присутните членови на денот на одржување на собранието преку онлајн платформата Microsoft Teams.

Во прилог ОДЛУКА за свикување на Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2025 година во оригинална форма на следниов линк и

ЈАВЕН ПОВИК за свикување на Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2025 година во оригинална форма на следниов линк.

Tags: