1. Објавувач на повикот
Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, на ден 21.05.2026 година, објавува Јавен повик за избор на експерт/ка за спроведување на дводневна обука за јакнење на капацитетите на самоидентификуваните сексуални работници/чки за препознавање, пријавување и одговор на сексуално насилство и трговија со луѓе, со цел информирање и унапредување на нивните знаења, вештини и практични капацитети за безбедно реагирање, самозаштита и пристап до механизми за поддршка и заштита.
Овој ангажман се реализира во рамки на проектот „Самоидентификувани сексуални работници во борба против сексуално насилство и трговија со жени и девојки“ поддржан од UN Trust Fund to End Violence against Women. Крајната цел на проектот е самоидентификуваните сексуални работници во Северна Македонија кои се жртви на или се изложени на ризик од сексуално насилство, експлоатација и трговија со луѓе, да имаат поголема слобода на дејствување, безбедност и пристап до правда.
Повеќе за проектот може да прочитате на следниов линк: Самоидентификувани сексуални работници во борба против сексуалното насилство и трговијата со жени и девојки
2. Цел на ангажманот
Целта на ангажманот е да се спроведе дводневна обука за јакнење на капацитетите на самоидентификувани сексуални работници/чки за препознавање, пријавување и одговор на сексуално насилство и трговија со луѓе. Обуката треба да придонесе кон унапредување на нивните знаења, практични вештини и механизми за самозаштита, како и кон подобро информирање за достапните сервиси за поддршка, правната рамка и механизмите за заштита и упатување.
3. Опис на задачите
Ангажираниот/ната експерт/ка ќе биде задолжен/а:
- да изврши подготовка и адаптација на веќе претходно развиен тренинг-модул согласно профилот и потребите на учесниците;
- да подготви агенда, презентациски и работни материјали за дводневната обука;
- да се координира со тимот на СТАР-СТАР Скопје во однос на организациските и логистичките аспекти на обуката;
- да реализира дводневна интерактивна обука за самоидентификувани сексуални работници/чки;
- да користи партиципативни методологии и практични вежби за јакнење на знаењата и вештините на учесниците;
- да обезбеди безбедна, доверлива и инклузивна средина за учење и учество;
- да подготви финален наративен извештај од спроведената обука, кој ќе вклучува опис на реализираните активности и препораки за понатамошно унапредување.
При спроведувањето на обуката, експертот/ката треба да осигура дека содржината и методологијата се контекстуално релевантни, прилагодени на локалните услови, институционалните бариери и специфичностите на сексуалната работа, како и разбирливи за лица со различни нивоа на формално образование.
4. Период на реализација
Ангажманот ќе се реализира во периодот од 15.06.2026 до 24.06.2026 година, со вкупно предвидени 4 работни дена за консултации, подготовка и развој на материјали, фасилитација и испорака на финален извештај. Избраниот/а експерт/ка треба да биде во можност да ја фасилитира обуката во однапред утврден датум 17.06.2026 – 19.06.2026 г. на локација која ќе ја одреди нарачателот.
5. Финансиска понуда
Кандидат(к)ите, за ангажманот треба да достават финансиска понуда во бруто износ, изразена во американски долари (USD).
6. Критериуми за избор
- Најмалку 3 години искуство во спроведување обуки, тренинзи и едукативни програми;
- Искуство со фасилитација на интерактивни и партиципативни обуки;
- Силно познавање на темите сексуално насилство, родово-базирано насилство и трговија со луѓе;
- Познавање на контекстот на сексуалната работа, трговијата со луѓе, ранливи заедници и правната рамка;
- Квалитет на предлог методологијата за спроведување на обуката;
- Професионално портфолио и/или референци од претходно спроведени обуки на иста или слична тематика;
- Економски најповолна понуда.
Предност ќе имаат кандидати со:
- Искуство со работа и/или познавање на правата и потребите на сексуалните работници/чки и други маргинализирани заедници во Република Северна Македонија.
7. Склучување договор
Здружението ќе именува Комисија за евалуација и избор најдоцна во рок од 3 (три) работни дена по завршување на повикот. Со избраниот експерт/ка, здружението ќе склучи договор за повремен ангажман. Условите за ангажманот ќе бидат дополнително усогласени во договор помеѓу двете страни. Доколку комисијата не спроведе избор, јавниот повик може да биде продолжен.
8. Потребни документи за аплицирање
- Кратко мотивациско писмо;
- Професионална биографија (CV);
- Предлог методологија за спроведување на обуката;
- Портфолио/референца од претходно спроведени обуки и едукативни активности.
- Финансиска понуда изразена во бруто износ во американски долари (USD).
9. Начин и рок за аплицирање
Документите треба да се достават со назнака: Јавен повик – Експерт/ка за спроведување на дводневна обука за јакнење на капацитетите на самоидентификуваните сексуални работници/чки за препознавање, пријавување и одговор на сексуално насилство и трговија со луѓе на следната електронска адреса: star.contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 28.05.2026 година, 16:00 часот.
Нецелосни апликации и пријави доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат. Избраниот кандидат/ка ќе биде известен/а по електронски пат, најдоцна до 03.06.2026 година.
Во прилог ЈАВНИОТ ПОВИК за избор на експерт/ка за спроведување на дводневна обука за јакнење на капацитетите на самоидентификуваните сексуални работници/чки за препознавање, пријавување и одговор на сексуално насилство и трговија со луѓе во оригинална форма на следниов линк.

