Публикација на СТАР-СТАР: Тренинг модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права

Тренинг модулот за сексуална работа, ХИВ и човекови права е наменет за користење од страна на невладини организации, организации водени од заедницата на сексуални работници, даватели на услуги наменети за сексуалните работници, активисти за човекови права и поддржувачи. Овој тренинг модул може да биде од интерес на оние кои носат одлуки и зстапувачи на правата на сексуалните работници. Тренинг модулот е продукт на СТАР-СТАР како организација предводена од заедницата на сексуални работници со поддршка од УНФПА – Фонд за население на Обединетите нации.

Тренинг модулот е наменет да служи како алатка за организирање и водење на едукативни работилници/обуки на заедницата на сексуални работници за прашања поврзани со ранливоста на сексуалните работници во однос на ХИВ и прекршување на човековите права. Како таков, овој тренинг модул има за цел да им даде можност на поединечните сексуални работници и колективите на сексуални работници да го збогатат своето знаење, да ги зајакнат своите вештини и да ги зголемат капацитетите потребни за нивно ефикасно вклучување во процесот на самозастапување, како и застапување на правото на здравје на локално, на национално и меѓународно ниво. Се надеваме дека овој ресурс ќе и помогне на заедницата на сексуални работници да ги идентификува и да ги елиминира пречките во пристапот кон услугите поврзани со ХИВ и да обезбедат пристап до други здравствени услуги поврзани со нивното сексуално и репродуктивно здравје. Овој модул има за цел да им помогне на сексуалните работници во процесот на самозастапување и промовирање на своите човекови права и ќе придонесе кон полесен пристап до правдата во случај на повреди на нивните права, насилство, малтретирање, со што ќе се превенира идно насилство и дискриминација.

Публикацијата “Тренинг модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права“ можете да ја погледнете/симнете ТУКА.

Tags: , , ,