Стар успешно ги имплементираше активностите предвидени со наградата од ViiV Healthcare

СТАР-СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, беа добитниците на главниот грант од ViiV Healthcare’s Positive Action Challenge: Stigma-Free Services for Sex Workers.

На овогодинешната научна конференција за ХИВ (IAS 2019) која се одржа во главниот град на Мексико од 21-ви до 24-ти јули, 2019, ViiV Healthcare во соработка со Меѓународното здружение за СИДА (IAS) на 23 јули ги објави добитниците за доделување грантови за Positive Action Challenge: Stigma-Free Services for Sex Workers. СТАР-СТАР и ХЕРА беа едни од трите добитници на главната наградата од 75,000 долари, меѓу кои се и здруженијата HOYMAS од Кенија и  PACE Society од Канада. Здруженија на сексуални работници од Србија, Виетнам и Мексико се добитници на SEED Prize од 25,000 долари.

Наградите беа доделени со цел да им се овозможи на заедниците на сексуални работници и давателите на здравствени услуги да работат заедно на спроведување сеопфатни програми за превенција од ХИВ без стигма и дискриминација.

СТАР ја искористи оваа парична награда за зајакнување на програмите наменети за заедницата на мажи сексуални работници и трансродови сексуални работници во Северна Македонија. СТАР, во соработка со ХЕРА, ги прошири постоечките услуги поврзани со ХИВ и сексуално репродуктивно здравје наменети за сексуалните работници и се заложи за воведување на нови, моментално недостапни превентивни методи како што е ПРЕП (предекспозициска профилакса, т.е. заштита пред изложување на ХИВ вирусот) кај машките и трансродовите сексуални работници.

Дополнително Стар доби и признавање за својата работа во услови на кризата со Ковид за својата заложба за постигнување на успешни резултати во имплементирање на програми, сервиси и услуги за заштита и превенција од ХИВ за клучни популации со особен акцент на сексуалните работници во услови на светска пандемија.

Tags: , , , , ,