Социјална заштита во период на пандемија

За време на пандемија многу е битно да имаш минимален сигурен приход која може да ти помогне доколку дојдеш во контакт со Корона вирусот.

Гарантирана минимална помош е наменета за граѓаните кои се под социјален ризик или потточно право на социјална парична помош има секое лице способно за работа и домаќинство, материјално необезбеден и кое според други прописи не може да обезбеди средства за егзистенција.

Подносител, односно носител на правото на гарантирана минимална помош е  невработено лице, кое активно бара работа согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. Гарантираната минимална помош се поднесува за сите членови во семејството т.е. во домаќинството.

Доколку си го прележал Корона вирусот и притоа си бил на подолго лекување во здравствена установа законот за социјална заштита ти го овозможува правото на еднократна парична помош. Запомни ова право може да го оствариш и доколку имаш приходи.

Овие две права може да ги оствариш во центарот за социјална работа надлежен за местото на твоето живеалиште. За потребните документи може да добиеш информации од социјалните работници од центрите за социјална работа или побарај помош за поднесување на потребната документација од социјалните работници на ХОПС.

Видеото „Социјална заштита во период на пандемија “содржи информации за остварување на правата од областа на здравствената заштита и има за цел да ја подобри социо-економската состојба на лицата од ранливите заедници во период на пандемија предизвикана од КОВИД-19 инфекцијата.

Видеото е овозможено од Влада на Република Северна Македонија преку проектот „Унапредување на менталното здравје и заштита на здравствените и социо-економски права на маргинализираните заедници за време на пандемија“ реализирано од Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје.

Извор: https://hops.org.mk/sotsijalna-zashtita-vo-period-na-pandemija/

Tags: , ,