Сексуални Работници Vs Голотија

Скоро на секого по нешто му смета на сопственото тело. Некој носи маичка во базен, некој сеуште неможе да ги надрасне фармерките од детство. Проблемот со телесната перцепција го имаат многу луѓе.

Од друга страна, некои можат и без 16 саати тренинг дневно да се чуствуваат сосема задоволно и без гардероба на себе. Тоа најдобро го знаат оние луѓе чија работа е да бидат голи.

Ставови и искуства од луѓе на кои голотијата им е составен дел од работата:

ТРИСТАН РИСК, БУРЛЕСКНИ ТАНЧЕР

На човекот му одговара голотијата само ако е свесен за самиот себе, ако се сака самиот себе, се чуствува самоуверено… Но, често ми е и забавно што мојата слобода и комодитет да бидам гол кога настапувам предизвикува непријатност кај оние кои ме гледаат.
За среќа, никогаш не сум воспитуван да се срамам од своето тело. Моите родители уште како мал ме носеа на нудистичка плажа во близината на Ванкувер, голотијата уште од рани години ми е нормализирана. И сега, понекогаш сакам да се шетам без облека на мене, за што комшиите често знаат да замеруваат. Не ме плаши можноста дека некој ќе ме види гол, ниту пак се чуствувам ранлив додека сум гол.
За прв пат бев гол пред други луѓе кога позирав за сликари. Од тогаш, чуството дека други луѓе ме гледаат гол и го проектираат своето доживување преку уметност (подоцна и во публика) беше за мене една посебна врска.
Според мене нема разлика помеѓу јавна и приватна голотија (на пример дома со партнерот), се надевам дека многумина го делат моето мислење. Во секој случај го делиш телото со други луѓе, носиш радост и среќа и себе и на другите. Независно дали тоа ќе биде чин на љубов или апстракна уметност, сепак е тоа нешто лично и свое. Од тука се раѓа и самодовербата.

star1

ВЕЛВЕТ СТИЛ, ДОМИНА

Искрено ми требше малку време да се чуствувам удобно во својата кожа додека сум гола. Како трансексуална жена, поминав низ многу хирушки процедури, и не бев спремна одма да го покажам своето тело. Најчесто не се соблекував од половина надоле. Но во еден момент самата се запрашав: Зошто го правиш ова? Биди горда, и покажи се што имаш.
Ми требаше време да се навикнам, но денеска како професионална домина, ако неможам да го покажам своето тело во неговата природна убавина, тогаш мојата работа нема поента! Вистински се трудам да го задржам моето тело во добра форма, внимавам што јадам, вежбам и имам редовен секс.

star2

ЛОЛА ФРОСТ, ТАНЧЕРКА

Низ процесот за прифаќање на своето тело се чекори од ден во ден. Тоа никако не е возможно да се постигне во целина. Нашиот ум работи, сешто му одвлекува внимание, толку многу што тоа се стимулира и надворешно. Јас последните десет години сум Гола Дама, но не почнав како таква. Од секогаш сум имала став дека го сакам своето тело, но тоа не е доволно да ги загуши сите негативни мисли кој навираат. Ниту денеска тоа не е во целост. Сликата која ја гледам во огледало не е иста како онаа која некој ја гледа на мојата фотографија, разликата е голема. Да се гледаш себе си од туѓа перспектива е вистинско ослободување. Денеска навистина гледам тотално различно за самата себе.

star3