Марш на Црвениот Чадор – Скопје, 17-ти декември, 2019 (Видео)

Традиционално, како и секоја година, СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, го одбележа 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници со организирање на 12-тиот Марш на Црвениот Чадор во центарот на Скопје, посветен на борбата против родово-базираното насилство. Околу 100-тина учесници, сексуални работници, активисти и поддржувачи маршираа од пред Спомен куќата Мајка Тереза до плоштадот Филип II, приклучувајќи се кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници со цел да се намали насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува нашата заедница.

Како резултат на успешната кампања за одбележување на овој значаен ден, СТАР во соработка со Флај Кам и со поддршка од Фондацијата Отворено општество-Македонија, Red Umbrella Fund и ViiV Healthcare го објави видеото од минатогодишниот Марш на Црвениот Чадор.

Во прилог следува линк од видеото:

Tags: , ,