Кампања „EndWhorephobia“ по повод одбележувањето на 1 јануари – Меѓународен ден за видливоста на сексуалните работници

Сексуална работничка (Бимбо Селен) започнува иницијатива за одбележување на уште еден значаен ден за заедницата на сексуалните работници – Меѓународен ден за видливоста на сексуалните работници кој ќе се одбележува на 1 јануари. Со одбележувањето на овој ден, што воедно претставува и годишнина од датумот кога за прв пат беше имплементиран Шведскиот модел во 1999 год. од страна на Шведска, и моментално е во функција и во Норвешка, Исланд, Франција, Ирска, Северна Ирска и Канада, има за цел да ја едуцира јавноста за насилството и стигмата врз сексуалните работници, дискутирајќи за недостатокот и споделувањето на ресурси за намалување на штети, како и едукација против Шведскиот модел.

Кампањата „EndWhorephobia“ е родова инклузивна кампања која ги вклучува сите сексуални работници, но особено ги истакнува потребите на хендикепираните, трансродовите сексуални работници, оние со различна боја на кожа, сексуалните работници кои работата на отворено во небезбедни услови и сексуалните работници –мигранти.

Со оваа кампања се повикуваат глобалните мрежи кои работат на заштита на правата на сексуалните работници, организациите предводени од заедницата на сексуални работници, активистите и поддржувачите да ја споделуваат кампањата на своите социјални мрежи со цел да се зголеми видливоста на сексуалните работници на интернационално ниво.

Whorephobia или во превод „фобија од курви“ се однесува на негативните стереотипи, стигмата и маргинализацијата со кои се соочуваат сексуалните работници, а произлегува од сеприсутниот страв и омраза кон сексуалните работници.

Овој страв и омраза често се вкрстуваат со стравот и омразата и кон другите маргинализирани групи. Што значи, некои сексуални работници имаат поголема веројатност да страдаат од последиците од  „фобијата од курви“  во нивното општество, конкретно лицата со посебни потреби, припадниците на ЛГБТКИ заедницата, сексуалните работници – мигранти, сексуалните работници кои работат на улица, сексуалните работници со различна боја на кожа и во зависност од тоа во која земја живеат и работат сексуалните рбаотници.

Како да ја спречиме „фобијата од курви“ ?

Можеме да започнеме со:

  • Подигнување на гласовите на сексуалните работници, особено оние најмаргинализираните;
  • Да им ја вратиме човечката димензија на сексуалните работници;
  • Споделување на ресурси за поддршка;
  • Борба против стигмата и заблуди;
  • Застапување за декриминализација и борба против Шведскиот модел;
  • Борба против системското, државното/владиното и личното насилство врз сексуалните работници.

Кампањата започнува на 1 јануари, со споделување на фотографии, стории, и видеа за едукација на општата јавност за негативното влијание на Шведскиот модел врз сексуалните работници, под хаштагот #EndWhorephobia, со цел гласот на сексуалните работници да стигне до пошироката публика.

Повеќе за кампањата може да прочитате на официјалната страна: https://www.endwhorephobia.org/

Кампањата #EndWhorephobia може да ја следите и на социјалните мрежи:

https://twitter.com/end_whorephobia

https://www.instagram.com/EndWhorephobia/

https://www.facebook.com/endwh0rephobia

#EndWhorephobia #EndTheNordicModel

Tags: ,