Извештај за хуманитарна онлајн аукција „Акција за реакција“ оддржана од 02.06.2020 до 15.06.2020 година

СТАР – Првиот Колектив на Сексуални Работници на Балканот, организираше хуманитарна онлајн аукција „Акција за реакција“ на донирани дела за помош и поддршка на сексуалните работници во време на криза предизвикана од КОВИД-19. Хуманитарниот онлајн настан кој траеше од 02.06.2020 – 15.06.2020 год., беше организиран по повод одбележувањето на 2-ри  јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници, со цел собирање на финансиски средства кои ќе бидат наменети за помош и поддршка на сексуалните работници и нивните семејства, најчесто многудетни и на самохрани мајки.

Хуманитарната аукција беше организирана онлајн на Фејсбук профилот на СТАР: https://www.facebook.com/starsexwork/. На хуманитарната аукција, учество земаа 19 автори/здруженија, а 15 лица донираа финансиски средства преку наддавање за омилените делa.

Изразуваме најискрена благодарност до следниве автори на дела:

Дизајнерите Индог – Горан Костовски, Ирина Тошева, EMANU, модната куќа LUDUS,  The Red Edition – Sex Work Migrant Group, писателите Петар Андоновски и Румена Бужаровска, книжара „Полица“, уметничката Roxenn, Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје преку нивната креативна акција за општествени промени #реупотребигоумот, галерија „Леонардо“, фотографките Ерина Богоева, Лилика Стрезоска, Елена Фиданска, Ирена Мила и Анита Березњак, уметничките Јана Јакимовска и Катерина Димитровска и фотографот Влатко Деков, кои донираа свои дела и придонесоа за успешна реализација на хуманитарната аукција.

На хуманитарната онлајн аукција „Акција за реакција“ беа собрани вкупно 34.600 денари. Собраните финансиски средства ќе бидат наменети за помош и поддршка на сексуалните работници и нивните семејства кои се наоѓаат во исклучително тешка состојба поради КОВИД-19 пандемијата. Им се заблагодаруваме на сите оние кои наддаваа на аукцијата и донираа за сексуалните работници.

Во духот на транспарентноста и јавната отчетност, ги објавуваме продадените дела за време на хуманитарната аукција „Акција за реакција, и износот на донираните средства:

Бр. Автор на делото Опис на делото Донирани средства
1. Горан Костовски – Индог „Celebrate Life“ дуксер

2500 денари

2. Горан Костовски – Индог „Celebrate Life“ дуксер

2500 денари

3. Ирина Тошева Дизајнирана маица „СИМПА ТИ + ЈА“

1800 денари

4. Модна куќа LUDUS Асиметричен фустан  од колекцијата „Devoid“ 1650 денари
5. Модна куќа LUDUS Асиметричен фустан  од колекцијата „Devoid“ 4000 денари
6. The Red Edition – Sex Work Migrant Group Дизајнирана маица за Europe Pride „Sex work is real work“ 500 денари
7. The Red Edition – Sex Work Migrant Group Дизајнирана маица за Europe Pride „Sex work is real work“ 400 денари
8. The Red Edition – Sex Work Migrant Group Дизајнирана маица за Europe Pride „Respect sex workers“ 700 денари
9. The Red Edition – Sex Work Migrant Group Дизајнирана маица за Europe Pride „Respect sex workers“ 600денари
10. Петар Андоновски Комплет од три книги: „Страв од варвари“,„Очи со боја на чевли“ и „Тело во кое треба да се живее“ 1600 денари
11. Румена Бужаровска Збирка раскази „Не одам никаде“ 400 денари
12. Румена Бужаровска Збирка раскази „Чкртки“ 650 денари
13. Румена Бужаровска Збирка раскази „Мојот маж“ 500 денари
14. Книжара „Полица“ Комплет од три книги „Крајот на Еди“, „Историја на насилството“ и „Ние децата од железничката станица „ЗОО““ 2000 денари
15. Книжара „Полица“ Книга  „Крајот на Еди“ 500 денари
16. Книжара „Полица Книга „Историја на насилството“ 500 денари
17. Книжара „Полица Книга „Историја на насилството“ 600 денари
18. Roxenn Рачно изработена лампа „The desired fish“ 3000 денари
19. Галерија „Леонардо“ Уметничка слика „Девојката со ружа“ 1200 денари
20. Ерина Богоева Изложбена фотографија „Catch“ 700 денари
21. Ерина Богоева Изложбена фотографија „Небото над ГТЦ“ 1000 денари
22. Лилика Стрезоска Изложбена фотографија „Две од оние“ 2000 денари
23. Елена Фиданска Изложбена фотографија „Две од оние“ 2000 денари
24. Ирена Мила Изложбена фотографија „Две од оние“ 2000 денари
25. Влатко Деков Врамена фотографија „Жена“, од фото проектот Прага 1300 денари

 

СТАР-Првиот Колектив на Сексуални Работници на Балканот, во име на заедницата и духот на солидарноста, испраќа благодарност до сите физички и правни лица кои дадоа значаен придонес кон реализација на оваа аукција.

До следно наддавање и подобри времиња надвор од пандемија.

Во прилог официјалниот извештај:

Извештај за хуманитарна онлајн аукција „Акција за Реакција“ оддржана од 02.06.2020 до 15.06.2020 година

Tags: , , ,