Водич со надобри практики во одговорите на КОВИД-19 пандемијата за организации предводени од сексуални работници

Глобалната мрежа на проекти за сексуална работа – NSWP го промовираа својот нов Водич за организации предводени од сексуални работници кој ги истакнува најдобрите практики во одговорите на пандемијата КОВИД-19 и обезбедува модели за идни здравствени и хуманитарни кризи.

Сексуалните работници беа меѓу најтешко погодените категории на граѓани на почетокот на пандемијата предизвикана со КОВИД-19, а и продолжуваат понатаму да бидат погодени од оваа глобална криза во јавното здравство. Предизвиците со кои се соочуваа сексуалните работници пред почетокот на пандемијата, а беа резултат на криминализацијата, стигмата и дискриминацијата, уште повеќе се зголемија за време на пандемијата. Повеќето влади обезбедија пакет социо-економки мерки за олеснување за луѓето кои беа економски погодени поради рестриктивните мерки за заштита на јавното здравје, сепак огромното мнозинство сексуални работници на глобално ниво беа исклучени од националните одговори за итни случаи и мерките за социјална заштита. Негативното влијание на КОВИД-19 врз егзистенцијата на сексуалните работници е проследено со зголемена стигма и дискриминација, насилство и кршење на човековите права. Пандемијата ги разоткри штетите од криминализацијата, ги истакна постојните нееднаквости и ги осветли структурните бариери кои ги исклучуваат сексуалните работници од државните механизми за социјална заштита.

Бидејќи владите не успеаја да обезбедат соодветна помош во нивните итни реакции и механизми за социјална заштита, организациите предводени од сексуалните работници ширум светот се зајакнаа за да ги поддржат своите заедници. Беа формирани фондови за взаемна помош предводени од заедницата на сексуални работници со цел да им се обезбедат грантови и ваучери на сексуалните работници, а многу организации предводени од сексуални работници продолжија да обезбедуваат и прошируваат услуги и поддршка за сексуалните работници со доставување терапија за ХИВ и ПрЕП директно до сексуалните работници во нивните домови, заедно со пакети со храна и хигиена.

Овој водич е наменет за организации предводени од сексуални работници и ги истакнува најдобрите практики во одговорите на пандемијата КОВИД-19 и обезбедува модели за идни здравствени и хуманитарни кризи.

Водичот е достапен на повеќе јазици и истиот може да се прочита/преземе на веб-страницата на NSWP:

https://www.nswp.org/resource/smart-sex-workers-guide-community-led-responses-covid-19

Дополнително е објавен и инфографик со сумирани податоци од Водичот, и претставува алатка за застапување на сексуалните работници ширум светот. Инфографикот е достапен на повеќе јазици, на следниов линк:

https://nswp.org/resource/nswp-infographics/infographic-sex-worker-community-led-responses-covid-19

Tags: , ,