„АКЦИЈА ЗА РЕАКЦИЈА“ – Хуманитарна онлајн аукција за поддршка на сексуалните работници

СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, Ве поканува на хуманитарна онлајн аукција „АКЦИЈА ЗА РЕАКЦИЈА“ на собрани дела од хумани автори. Хуманитарниот настан го организираме по повод  одбележувањето на 2 јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници, со цел сите ние да покажеме солидарност и да и помогнеме на нашата заедница која несомнено е погодена од КОВИД-19 пандемијата. Собраните средства од хуманитарната аукција ќе бидат наменети за поддршка на сексуалните работници и нивните семејства, најчесто многудетни и на самохрани мајки.

Хуманитарната онлајн аукција ќе започне на 02.06.2020 и ќе трае до 09.06.2020, на нашата социјална мрежа на Фејсбук: https://www.facebook.com/starsexwork/. Во текот на оваа хуманитарна недела, ќе реализираме продажба на дела, фотографии, накит и гардероба, собрани и изработени од хумани автори.

Несомнено, неповолното влијание на Корона вирусот (КОВИД-19) пандемијата ја чувствуваме сите, но сакаме да ја потенцираме особено тешката состојба во која се наоѓаат најранливите категории на граѓани и предизвиците со кои тие секојдневно се соочуваат во потрага да обезбедат основни потреби за нормално живеење за своите семејства, како што се храна, лекови, основната грижа за децата и домот.

Ве покануваме да ја следите нашата хуманитарна аукција, и подгответе се за надавање, ќе имаме навистина интересни дела. Имено, ги покануваме сите заинтересирани, доколку сакаат да донираат свое дело, за помош и поддршка на сексуалните работници, да не исконтактираат на следнава електронска адреса: communications@starsexwork.org или да се јават на телефонскиот број: 070313103, најдоцна до 01.06.2020.

Во овие моменти кога сите се соочуваме со последиците од кризната состојба, наша, пред се човечка должност е да им помогнеме на оние на кои во моментот тоа им е најпотребно.

Да ја покажеме нашата солидарност и хуманост на дело.

Донирај! Не Дискриминирај.[:]

Tags: , , , , , , ,