2-ри јуни – Меѓународен ден на сексуалните работници

Секоја година на 2-ри јуни се одбележува Меѓународниот ден на сексуалните работници. Како повод за одбележување на овој ден претставува протестот во 1975 година, кога на 2-ри јуни се собрале околу 100 сексуални работници и ја окупирале црквата Св. Низиер во Лион, Франција, со цел за да го изразат својот гнев за нивните дискриминирани и експлоатирани услови за живеење и работа.

На 10-ти јуни, во 5 часот црквата била брутално нападната од страна на полицијата. Настанот се смета за раѓањето на модерното движење за правата на сексуалните работници. Оваа нивна акција прераснала во национално движење и оттогаш секоја година овој ден се слави низ целиот свет.

Сексуалните работници имаат право на еднаков пристап до правда, здравствена заштита и други јавни служби и еднаква заштита како и секој друг граѓанин. Нивното вклучување во процесот на донесување одлуки поврзани со сексуалната работа би придонело за намалување на насилството, злоупотребата и дискриминацијата врз сексуалните работници.

Секоја година, СТАР-СТАР – првиот колектив на сексуални работници на Балканот го одбележува 2-ри јуни – Меѓународниот ден на сексуалните рабтници со цел да се делува во насока на промена на перцепцијата на јавноста за сексуалната работа како и за рушење на стереотипите поврзани со сексуалните работници