Збогум Лора!

Пак ли си замина?! Ама сега за секогаш… навистина не си фер!

Драга, се започна со тебе! Не охрабри, ни даде визија и кога знаеше дека можеме сами си замина. Тогаш замина за да леташ во животот, да леташ низ светов, да бидеш некаде пак главна!! Недостасуваше неизмерно, те имаше, па те немаше, ама секогаш во вистинско време и секогаш со причина, секогаш за да не потсетиш за вистинскиот активизам, за вистинската борба!
Беше ли свесна колкава инспирација беше ти за нашата заедница? Знаеше ли дека нема никој да те замени? Ти за нас беше сето она што сакаме да го имаме и сето она што нас секогаш не прави горди.
Сега секоја помисла на тебе неподносливо боли.
СТАР е твоето бебе, а ти за СТАР си неговата ѕвезда. Сакаме да знаеш дека ќе се грижиме за сите наши сестри, и нема да го заборавиме твојот силен активизам!
Ќе се бориме силно за се она што ти не стигна да се избориш. Ветуваме!
Лепотице што да ти кажеме, остана толку многу недокажано – сигурно ни се смешкаш сега некаде од горе!
Чао Лора!