Во изминатите дванaесет месеци биле убиени 238 трансродови лица

Објавен е извештајот за 2013 година на Проектот за мониторинг на убиства на трансродови лица пред одбележувањето на петнаесетиот Меѓународен трансродов ден на сеќавање. Денот се одбележува секоја година на 20 ноември.

Во извештајот се вклучени убиствата на транс луѓе кои можат да бидат документирани преку јавно достапни информации или кои се објавени од страна на транс групи за поддршка – што значи дека вистинската бројка би можело да биде многу повисока. Проектот за мониторинг на убиства на трансродови лица извести дека во изминатите дванаесет месеци на светско ниво биле убиени двесте триесет и осум трансродови лица. Деведесет и пет траснродови лица биле убиени во Бразил, а четириесет во Мексико. Шестнаесет убиства на трансродови лица се случиле во Соединетите Американски Држави. Во првите десет месец од оваа година, биле убиени дваесет и две лица на старост под дваесет години. Половина од нив биле малолетни. Меѓу единаесетте убиени малолетници има и тринаесет годишно трансродово девојче кое минатиот јуни било пронајдено задавено во бразилскиот град Макаиба, четиринаесет годишна транс девојка која минатиот месец била пронајдена задавена во градот Ибипора во Бразил, како и убиството кое се случи минатото лето на јамајканскиот тинејџер Двејн Џоноус. Извештаојот открива тотална бројка од 1374 убиства на транс луѓе во шеесет земји низ целиот свет во периодот од почетокот на 2008 до крајот на октомври во 2013. На мапата се претставени земјите во кои правата на геј луѓето биле унапредени со усвојувањето на брачната еднаквост, но сепак животот на трансродовите лица е се уште во опасноста. Извор: http://coalition.org.mk