2-ри Јуни – Меѓународен ден на сексуалните работници

2-ри Јуни, Меѓународен ден на сексуалните работници.

Овој ден се одбележува во Европа и низ целиот свет и претставува движење, за да се влијае на препознавањето на сексуалната работа како професија.

Во 1975 година во Лион, Франција повеќе од стотина сексуални работници ја окпирале црквата Saint-Nizier со цел да да се изборат за подобри работни услови и почитување на нивниот избор да ја работат работата која ја избрале. Окупацијата на црквата била начин да добијат внимание од општеството, медиумите и институциите. Одбележувањето на овој ден започнува уште во наредната 1976 година како Меѓународен ден на Сексуалните работници и нивните работнички права.

Оваа окпуација и протест на сексуалните работници во Лион, Франција доаѓа како последица од пресијата и неправдата која сексуалните работници ја трепеле од страна на француската полиција. Полицијата ги принудувала сексуалните работници да работат во мизерни услови и на маргините од општеството, при тоа истите биле изложувани многу чести на насилство, криминал па дури и убиства на жени сексуални работнички. Ваквата тортура и стигматизација ги натерала сексуалните работници од Лион да се мобилизираат и да го изразат своето незадоволство од условите во кој тие работат и живеат. Окупацијата на црквата траела осум дена, во сите овие денови сексуланите работници биле упорни во својата цел да бидат слушнати нивните барања за подобрување на работните услови од општеството и институциите.
Во Германија овој ден е познат како Hurentag (Денот на курвите).

“When we occupy the churches,

you are scandalised,

religious bigots!

You who threatened us with hell,

we have come to eat at your table,

at Saint Nizier.

[Песна која сексуалните работници ја пееле за време на протетсите во Лион, Франција 1975 година][:mk]2-ри Јуни, Меѓународен ден на сексуалните работници.

Овој ден се одбележува во Европа и низ целиот свет и претставува движење, за да се влијае на препознавањето на сексуалната работа како професија.

275px-Étienne_Jeaurat_001

Во 1975 година во Лион, Франција повеќе од стотина сексуални работници ја окпирале црквата Saint-Nizier со цел да да се изборат за подобри работни услови и почитување на нивниот избор да ја работат работата која ја избрале. Окупацијата на црквата бил единствен начин да добијат внимание од општеството, медиумите и институциите. Одбележувањето на овој ден започнува уште во наредната 1976 година како Меѓународен ден на Сексуалните работници и нивните работнички права.

Оваа окпуација и протест на сексуалните работници во Лион, Франција доаѓа како последица од пресијата и неправдата која сексуалните работници ја трепеле од страна на француската полиција. Полицијата ги принудувала сексуалните работници да работат во мизерни услови и на маргините од општеството, при тоа истите биле изложувани многу чести на насилство, криминал па дури и убиства на жени сексуални работнички. Ваквата тортура и стигматизација ги натерала сексуалните работници од Лион да се мобилизираат и да го изразат своето незадоволство од условите во кој тие работат и живеат. Окупацијата на црквата траела осум дена, во сите овие денови сексуалните работници биле упорни во својата цел да бидат чуени нивните барања за подобрување на работните услови од општеството и институциите.
Во Германија овој ден е познат како Hurentag (Денот на курвите).

“When we occupy the churches,

you are scandalised,

religious bigots!

You who threatened us with hell,

we have come to eat at your table,

at Saint Nizier.

[Песна која сексуалните работници ја пееле за време на протетсите во Лион, Франција 1975 година]

[:]