На 22.05.2024 (среда) во хотел Сити Парк Скопје се одржа еднодневна Работилница за кариерен развој на маргинализираните жени, која е дел од проектот Кариерни ангели – Иновативен модел за развој на кариера наменет за жени во социјален ризик, а беше организирана од СТАР-СТАР Скопје во соработка со Асоцијација на советници за развој на кариера – АСК.
Учесничките на работилницата се стекнаа со знаења за основните вештини поврзани со процесот на кариерно планирање, а дополнително развија сознанија за себе си и основните елементи на кариерно планирање. На работилницата беа разработени клучни поими и разбирање за термините кариера, кариерно планирање, кариерен развој, а како индивидуални производи учесничките разработија базични кариерни планови.
Преку работилницата се очекува да им биде овозможена понатамошна помош и поддршка на учесничките во остварување на нивните кариерни цели во процесот на интегрирање на пазарот на трудот.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/авторите и не ги одразуваат оние на Владата на САД.