Стратешки план 2018-2020

Содржината на стратешкиот план е во согласност со моменталната состојба на сексуалните работници во Република Македонија; средините и условите во кои живеат и работат; перцепцијата за сексуалната работа од страна на општата популација, државните институции и други организации; можностите и капацитетите на организацијата за реализација на одредени активности, и досегaшната соработка со организации од граѓанското општество и одредени државни институции.

Изведувањето на стратегијата на организацијата е предвидено за временски период од три години од 2018 до 2020 година.

Стратегијата на организацијата претставува динамичен (прилагодлив) документ кој, зависно од непредвидливите општествено – политички промени и влијанија како и од потребите на самата заедница, може да скршне од зацртаните насоки.

Во овој документ се прикажани основните податоци за СТАР-СТАР и досегашното работење на организацијата, визијата и мисијата произлезена од членовите на организацијата, рамката во која ќе делува организацијата, идните стратешки насоки на дејствување на СТАР-СТАР (цели базирани врз потребите на целната група, ставови на политички пратеници, социјални и здравствени работници и други клучни донесувачи на одлуки, активности, дејствувања на национално ниво, очекувани резултати и показатели), а во прилог се дадени и главните резултати од работилниците за стратешко планирање.

Документот за СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ 2018-2020 на СТАР-СТАР Скопје може да се прочита/преземе на следниот линк:

Стратешко планирање-2018-2020_СТАР-СТАР

 

Tags: