Набавени хуманитарни пакети и ваучери благодарение на собраните средства преку хуманитарната аукција „Акција за реакција“

Благодарение на собраните донирани средства преку хуманитарната онлајн аукција „Акција за Реакција“, која беше организирана од 02.06.2020 – 15.06.2020 год., набавивме хуманитарни пакети и ваучери за помош на сексуалните работници/-чки кои се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од КОВИД-19 пандемијата.

Во текот на месец август, СТАР-Првиот Колектив на Сексуални Работници на Балканот ќе подели 25 ваучери за храна помеѓу најзагрозените лица од нашата заедница во Скопје, и вкупно 16 хуманитарни пакети со храна и хигиенски производи во Гостивар и Струмица.

Уште еднаш, сакаме да изразиме голема благодарност до сите учесници во хуманитарната аукција „Акција за реакција“ и на сите оние поединци и здруженија кои донираа за сексуалните работници/-чки.

Tags: , ,