Зошто Скопје повторно заслужува црвени фенери? (ВИДЕО)

Денес, 2-ри јуни, го одбележуваме Меѓународниот ден на сексуалните работници. По тој повод, во рамки на нашата онлјан кампања го промовираме видеото: „Зошто Скопје повторно заслужува црвени фенери?“.

Видеото ги прикажува придобивките и позитивните страни на сексуалната работа за сексуалните работници и ја истакнува потребата од прифаќање на доброволната сексуална работа во општеството отсликано преку шармот на црвените фенери и танцот на сексуалните работници. Во минатото, во старо Скопје, постоеле улици со црвени фенери, кадешто работеле „дамите на ноќта“. Доказ за тоа е објектот Фенерли-ан кој и денес постои во старата скопска чаршија. Улицата на црвените фенери претставува симбол на слободниот и толерантен став кон најстарата професија на светот. Видеото прикажува сцени од изминатите уметнички перформанси на сексуални работници од Skopje Red Light District!

Во прилог погледнете го видеото: „Зошто Скопје повторно заслужува црвени фенери?“

Видеото го изработивме во партнерство со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, ТрансФормА – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија, и Моја Дунда Моја Фирма.

Tags: , , ,