СТАР-СТАР Скопје во наредниот период ќе организира донациска акција за помош на сексуалните работници во социјален ризик. Благодарение на собраните средства од 7.950 денари преку хуманитарната онлајн аукција „Акција за реакција 2“ која се одржа од 28.02.2022 д0 07.03.2022 година, набавивме 16 ваучери во вредност од по 500 денари кои ќе бидат поделени на сексуални работници кои сè уште ги чувствуваат последиците од социо-економската криза предизвикана од КОВИД-19.
Ваучерите ќе се делат помеѓу заедницата на сексуални работници во Скопје, а во акцијата ќе бидат вклучени теренските работници и социјалниот работник на СТАР-СТАР, со цел да се направи проценка на социјалниот ризик кај сексуалните работници.
Уште еднаш сакаме да изразиме голема благодарност до авторите и партнерските организации кои најсрдечно ги понудија своите дела за аукцијата „Акција за реакција 2“ и до сите кои донираа средства за сексуалните работници во социјален ризик кои и понатаму остануваат маргинализирани во овие кризни времиња.