Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје го објави Годишниот извештај за прогамите, активностите и финансиското работење на Здружението за деловната 2021 година.
Од своето основање до денес, водени од идеологијата да создадеме свет во кој сексуалните работници ги уживаат своите фундаментални права и слободи, веруваме дека и во годината 2021 донесовме значајни промени за заедницата која ја претставуваме.
Во 2021 година влеговме со старо-ново раководство на Здружението, со доделен легитимитет да ги претставува сексуалните работници во здравствениот, социјалниот и правниот систем во земјата, преку соработка со други активни чинители во граѓанскиот сектор, институции и медиуми. Севкупното дејствување во насока на исполнување на стратешките цели се
потпираше на професионален тим во служба на извршната канцеларија на Здружението, како и на волонтерскиот придонес на нашите членови. Излеговме од една година на пандемија, влеговме во нова. И покрај предизвикот со пандемијата, забележавме висока и ефикасна имплементација на Работната програма на Здружението за годината 2021.
Декриминализацијата на сексуалната работа останува наш примарен фокус, суштински важна цел и непоколеблив стремеж која ја пренесуваме и во 2022 година.
Годишниот извештај на Здружението за деловната 2021 година ги опфаќа клучните достигнувања на организацијата во мисијата, стратешките области на делување, реализацијата на стратешките определби и цели и финансиски дел со приказ на приходите и расходите на Здружението.
Годишниот извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружението СТАР-СТАР Скопје за деловната 2021 година може да го прочитате/преземете на следниов ЛИНК.