Со цел да придонесеме за намалување на дезинформациите за сексуалната работа и сексуалните работници на социјалните медиуми во Северна Македонија, започнуваме со видео кампања „Сексуалните работници се спротивставуваат на дезинформациите“.
Сексуалните работници, како маргинализирана заедница, често се мета на дезинформации кои поттикнуваат говор на омраза и онлајн насилство. Оваа кампања има за цел да создадеде позитивни наративи и да ги намали негативните и штетни стереотипи за најстарата професија во светот во дигиталниот простор.
На долг рок, оваа кампања придонесува кон важната стратешка цел на нашата заедница: поттикнување позитивна јавна дебата за декриминализација на сексуалната работа, како единствена политика која ќе обезбеди почитување на човековите права и слободи на сексуалните работници во едно демократско и праведно општество.
Следете нè и поддржете ја нашата борба за правдата и вистината!
1. Слободата на избор е основно право на секој човек. Пред да судиш, провери ги фактите!
#СексуалнитеРаботнициПротивДезинформации #ПровериФакт #СподелиВистина
2. Доброволната сексуална работа не е трговија на луѓе. Информирај се и престани со дезинформациите!
#СексуалнитеРаботнициПротивДезинформации #ПровериФакт #СподелиВистина
3. Насилството е насилство, независно во каква форма е. Сподели вистина, а не мит!
#СексуалнитеРаботнициПротивДезинформации #ПровериФакт #СподелиВистина
4. Декриминализацијата го подобрува пристапот до правда и ги штити сексуалните работници. Информирај се за фактите!
#СексуалнитеРаботнициПротивДезинформации #ПровериФакт #СподелиВистина
5. Сексуалната работа е најстарата професија на светот и присутна е во секоја земја и култура. Сподели факт!
#СексуалнитеРаботнициПротивДезинформации #ПровериФакт #СподелиВистина
Овие видеа се подготвени од страна на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје во рамките на проектот „Сексуалните работници се спротивставуваат на дезинформациите во Северна Македонија“, поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.