Подесувања за колачиња

Користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да навигирате и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња под секоја категорија на колачиња.

Колачињата што се категоризирани како „неопходни“ се складираат на вашиот интернет прелистувач бидејќи тие се есенцијални за овозможување на основните функционалност на веб-сајтот.... 

Секогаш активни

Неопходните колачиња се потребни за да се овозможат основните функционалности на овој веб-сајт, како што се обезбедување на безбедно најавување или прилагодување на вашите преференции на согласноста за колачиња. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци што може да ве идентификуваат.

Функционалните колачиња помагаат во извршувањето одредени функционалности како споделување на содржините на веб-сајтот на социјалните мрежи, прибирање повратни информации и друго.

Аналитичките колачиња се користат заради добивање увид во и разбирање на интеракцијата на посетителите со веб-сајтот. Тие помагаат во прибирањето статистички податоци, како на пример бројот на посетители, демографски податоци за нив, изворот на интернет сообраќајот до нашиот веб-сајт, итн.

Перформансните колачиња се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси на перформансите на веб-сајтот што помага во испорачувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Рекламните колачиња се користат за да им се овозможат на посетителите прилагодени реклами врз основа на страниците што претходно ги посетиле и за анализа на ефикасноста на рекламните кампањи.

Уметничка акција и перформанс „Тивки Црвени Соби“

Во срцето на оваа моќна уметничка акција, стојат три автомобили со црвено светло во нивната внатрешност. Прозорците се замаглени, покриени со капки вода и испишани со срца, отпечатоци од дланки и пораки: „Задното седиште не е место за насилство“, „Гушкај ме“, „СТОП на насилството“ и „И сексуалната работа е работа“, како повик за солидарност, разбирање и поддршка на нашата заедница во борбата против насилството и стигмата.

Приказната зад „Тивки Црвени Соби“

Зад замаглените прозорци, овие автомобили раскажуваат тивки, но моќни приказни – приказни на ранливост и отфрленост.  Задното седиште се трансформира во простор на интимност, но и опасност, што претставува симбол на животите на сексуалните работници кои живеат на маргините на општеството, честопати игнорирани и осудувани.

Оваа уметничка акција ја отвора вратата кон невидливото, кон животите кои заслужуваат да бидат препознаени и почитувани. Со неа повикуваме на дијалог и свесност за насилството и стигмата што сексуалните работници секојдневно ги трпат.

Пораката што ја испраќаме

„Тивки Црвени Соби“ е креативен повик за разбирање и поддршка на сексуалните работници во земјава. Преку уметничкиот перформанс, визуелната интервенција и ангажирањето на јавноста, оваа иницијатива има за цел:

  • Да ја подигне јавната свест за препознавање и прифаќање на сексуалната работа како секоја друга професија.
  • Да поттикне емпатија наместо предрасуди.
  • Да го запре насилството и стигмата врз сексуалните работници.
  • Да испрати порака дека секој живот, секој избор и секој глас е вреден.

Погледни низ замаглените прозорци.

Ова е повик за акција – да ја размаглиме тишината, да го прекинеме насилството и да создадеме простор за достоинство и почит кон сите.

Визуелната интервенција и уметничкиот перформанс го спроведовме во рамки на кампањата за стоп на насилството врз сексуалните работници, поддржан од фондацијата Red Umbrella Fund, а во соработка со TransFormA.

Tags: , ,