Одржан Тренинг за дигитална безбедност и одговор кон заканите за човековите права во дигиталната ера (30.11.2023-02.11.2023)

Со цел унапредување и развој на пристапите за заштита на човековите права во дигиталната ера, кај лидерските и менаџерските структури во единствената организација предводена од сексуални работници во Република Северна Македонија, СТАР-СТАР Скопје во периодот од 30.11.2023 до 02.11.2023 одржа дводневен Тренинг за дигитална безбедност и одговор кон заканите за човековите права во дигиталната ера во Хотел Аурора и СПА, Берово.

На тренингот присуствуваа 8 претставници од лидерските и менаџерските структури на СТАР-СТАР Скопје, со цел да развијат вештини за справување со заканите по човековите права во дигиталната ера, а кои потоа ќе бидат пренесени на заедницата на сексуални работници во Скопје и регионот.

 

Оваа активност се спроведе во рамки на проектот „Отпорноста на сексуалните работници во дигиталната ера“ со цел да се зајакнат организациските и капацитетите на сексуалните работници за справување со дигиталните закани врз човековите права, со поддршка од фондацијата Hivos, преку грантовиот механизам Digital Defenders Partnership (DDP).

Tags: ,