Transgender Europe (TGEU) започнува кампања по повод одбележувањето на 20ти ноември – Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите жртви

Transgender Europe (TGEU) е организација за човекови права која се залага за целосна еднаквост на сите трансродови луѓе во Европа. Секоја година по повод одбележувањето 20ти ноември – Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите жртви (Transgender Day of Remembrance – TDoR) организираат кампања за почитување и сеќавање на сите жртви кои ги изгубиле своите животи како резултат на трансфобија и поради неприфаќањето на родовиот идентитет и сексуалната ориентација од страна на припадниците на поширокото општество.

Во текот на овогодинешната кампања преку обединувачкиот хаштаг #TDoR2020, поканети се сите активисти и организации ширум светот, меѓу кои и СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот, да помогнат во ширење на пораките за спречување на насилството врз трансродовите луѓе и кршење на на транс-правата.

На глобално ниво, во изминатите 12 месеци пријавени се случаеви на 350 убиства на трансродови и различно-родови луѓе. Од пријавените убиства ширум светот, сексуалните работници го сочинуваат мнозинството жртви.

Вкупно 3664 транс и различно-родови лица беа пријавени како убиени во 75 земји во периодот од јануари 2008 година до септември 2020 година.

Мигрантите го сочинуваат поголемиот број пријавени убиства во Европа. Од пријавените убиства на транс и различно-родови луѓе чија професија била позната, ширум светот, од нив 62 проценти биле сексуални работници.

За повеќе информации во однос на извештајот за статистиките кои се добиени преку обајвените податоци од страна на Trans Murder Monitoring (TMM), можете да прочитате тука: https://transrespect.org/en/tmm-update-tdor-2020/

Tags: , , ,