По повод одбележувањето на 20ти ноември – Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите жртви, Transgender Europe (TGEU) – организација за човекови права која се залага за целосна еднаквост на сите трансродови луѓе во Европа ја започнаа својата овогодишна кампања #TDoR2022, посветена на сите жртви кои ги изгубиле своите животи како резултат на родово базирано насилство, трансфобија, хомофобија, расизам и ксенофобија.
Во рамки на кампањата, TGEU ги објави и ажурираните податоци од пријавени случаи на убиства за 2022 година:
На глобално ниво, во изминатата година, пријавени се 327 убиства на трансродови луѓе и луѓе со различен родов идентитет помеѓу 1 октомври 2021 и 30 септември 2022 година. Со 222 пријавени случаи на насилство, Латинска Америка и Карибите се регионите во кои се пријавени најголем број од убиствата.
За прв пат оваа година, случаи на убиства се пријавени и во Естонија и Швајцарија. Жртвите се трансродови жени, мигрантки со различна боја на кожата – Сабрина Хјустон од Јамајка и Кристина Блекстар од Бразил. И двете жртви биле избодени до смрт во нивните престојувалишта.
Според податоците добиени преку мониторингот за убиства на трансродови лица за 2022 година:
- Пријавени се 327 случаи на убиства на трансродови лица и лица со различен родов идентитет;
- Случаи од Естонија и Швајцарија беа пријавени за прв пат – две трансродови жени се жртви на убиство;
- 95% од убиените на глобално ниво биле трансродови жени;
- 48% од убиените трансродови лица чие занимање е познато биле сексуални работници;
- 65% од пријавените случаи на убиство се трансродови лица со различна боја на кожата, како резултат на расизам;
- 36% од трансродовите луѓето пријавени за убиени во Европа биле мигранти;
- 68% од сите регистрираните убиства се случиле во Латинска Америка и Карибите и 29% во Бразил;
- 35% од убиствата се случиле на улица, а 27% во нивната сопствени домови;
- Повеќето од убиените биле на возраст од 31 до 40 години.
За повеќе информации во однос на извештајот за податоците кои се добиени преку Trans Murder Monitoring (TMM), можете да прочитате во официјалното соопштение на TGEU: https://transrespect.org/en/tmm-update-tdor-2022/