Правните рамки дизајнирани за контрола и регулирање на сексуалната работа претрпеле големи трансформации во последните три децении во регионот на Централна и Источна Европа и Централна Азија (CEECA). Овие промени во голема мера се должат на турбулентните политички настани кои ја дефинираат модерната историја на регионот, како што се распаѓањето на Советскиот Сојуз и Социјалистичка Федерална Република Југославија. Дополнително, во 2004, 2007 и 2013 година, 11 земји од Централна и Источна Европа се приклучиле кон Европската унија (ЕУ), со обврска да ги усогласат своите законите со законодавството на ЕУ и политичките препораки. Овие политички промени довеле до зголемување на бројот на сексуални работници – мигранти од Исток кон Запад, а со тоа и зголемување обврските и вниманието на политиките за родова еднаквост во регионот. Прашањата поврзани со сексуалната работа, миграцијата (за сексуална работа) и трговијата со луѓе се наметнуваат како главни проблеми во меѓународните, европските и националните јавни дискурси како и во креирањето на нови политики.
Земјите од регионот на Централна и Источна Европа и Централна Азија ја адресираат сексуалната работа на различни начини, во голема мера поради различните социо-политички средини, различните истории на правните пристапи кон сексуалната работа и недостатокот на обврзувачко меѓународно право што ги води државите во нивното законодавство. Современите политики за сексуална работа во регионот имаат бројни сличности, но исто така и впечатливи разлики.
Оваа публикација има за цел да ја нагласи различноста во справувањето со сексуалната работа од страна на земјите во регионот. Како примарен извор на податоци на кои се заснова овој труд се информациите обезбедени од организациите – членки на SWAN од Русија, Украина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Грузија, Северна Македонија, Унгарија, и Словачка. Дополнителни информации за законската рамка за сексуална работа се обезбедени од Албанија, Хрватска, Србија, Словенија, Чешка, Грција, Турција и Романија, врз основа на неодамна објавени студии и извештаи за оваа тема.
Следете го овој линк за да ја прочитате или преземете публикацијата на Англиски јазик.[:]