SWAN одбележува 15 години од своето постоење и по тој повод објавува извештај за своите успеси и достигнувања

SWANМрежата за застапување на правата на сексуалните работници во Централна и Источна Европа и Централна Азија, одбележува 15 години од своето постоење, и по повод одбележувањето на својата годишнина објавува извештај „15 години“, истакнувајќи ги успесите и достигнувањата на мрежата  во изминатите 15 години.

Извештајот „15 години“ ја раскажува историјата на мрежата и нивните аспирации за унапредување на правата на сексуалните работници, споделувајќи ги резултатите од досега сработеното во насока на давање можности на сексуалните работници да зборуваат за своите потреби и проблеми, да бараат решенија и да се мобилизираат.

Извештајот „15 години“ може да го прочитате/симнете ТУКА и да дознаете повеќе за тоа како нивната визија доведе до многу достигнувања.

За повеќе информации посетете ја страната на SWAN: https://swannet.org/swan-15-years-report/

Tags: , ,