Минатиот месец дигиталната платформа за споделување на лични содржини OnlyFans објави дека планира да воведе забрана за содржините со сексуални и експлицитни материјали. Ваквата одлука се базирала на негодувањата од страна на финансиските сервиси кои платформата ги користи за наплата и исплата. Оваа вест предизвика силни реакции и критика од страна на сексуалните работници, активистите и останатите креатори на содржини што само една недела по објавата, платформата OnlyFans ја суспендираше ваквата одлука.
Меѓународниот комитет за права на сексуалните работници во Европа (ICRSE), во кој членува и СТАР-СТАР, силно ја осудува иницијалната одлука на OnlyFans бидејќи ваквата одлука е вознемирувачка и неправедна за заедницата на сексуални работници. Голем дел од сексуалните работници особено за време на пандемијата својата работа ја префрлија на дигиталните платформи и одземањето на можноста за нивно користење предизвикува стрес и неизвеснот. Иако суспендирањето на одлуката може да се смета за напредок во вистинска насока, сепак постои итна потреба да се адресираат основните причини поради кои сексуалните работници се исклучуваат од дигиталните платформи и финансиските сервиси.
Меѓународниот комитет за права на сексуалните работници издаде во Европа своја Изјава и препораки во врска со OnlyFans и исклучувањето на сексуалните работници од дигиталните платформи која може да се прочита во во целост на англиски јазик на овој линк.
При тоа во неа се наведени и следниве барања:
- Дигиталните сервиси и платформи мора да ја признаат клучната улога што ја имаат и ќе продолжат да ја имаат сексуалните работници во иновацијата на дигиталните платформи заедно со останатите невидливи и маргинализирани заедници.
- Сексуалните работници заслужуваат еднаков третман од дигиталните платформи и сервиси за дигитални услуги. Затоа, како приоритет мора да стане заложбата за развој и примена на силни антидискриминациски политики.
- Сите дигитални сервиси мора да ја приоритизират заштитата на човековите права на сите луѓе, вклучително и на сексуалните работници, луѓето од сите раси, мигрантите, ЛГБТКИ и други маргинализирани популации.
- Сексуалните работници и другите засегнати страни мора да бидат значајно вклучени во процесите за донесување одлуки на онлајн платформите и други дигитални сервиси и услуги.
- Дигиталните сервиси да ги повлечат негативните политики за сексуална работа и јавно да се извинат на заедниците на сексуални работници. Дополнително, дигиталните платформи да развијат достапни и транспарентни механизми за компензација на сексуалните работници кои биле погрешно третирани и загубиле дел од својата заработка.