Skopje Pride 2021

Во главниот град на Северна Македонија се одржа втората Парада на гордоста Skopje Pride која предизвика илјадници луѓе да излезат на улиците кои инаку поради невообичаеното претопло време се празни.

Исто како и историски важната прва Парада на гордоста која се одржа во 2019 година, и оваа година настанот доби силна поддршка од високи владини и граски претставници, амбасадори, активисти и организации од странство.

Оваа година настанот беше организиран од ЛГБТИ Мрежа / Rrjeti LGBTI / LGBTI Network, а се одржа под мотото “Вон ѕидовите”. Овој слоган беше одбран со цел да се потенцира изолацијата и потребата да се кријат идентитетите надвор од приватни и затворени простори – проблем со кој се соочуваат многу членови на ЛГБТ заедницата.

СТАР-СТАР како организација предводена од сексуални работници ја даде својата безрезервна поддршка за овој настан како симбол на солидарност со ЛГБТ лицата кои живеат во Северна Македонија. Сексуалните работници беа дел од Парадата не само затоа што голем дел од нив се припадници на ЛГБТ заедницата, туку и поради тоа што тие самите веруваат дека нетолерантноста и изолацијата никогаш не се решение за било што. Заедницата на сексуални работници ги прифаќа и разбира сите подеднакво и е цврсто убедена дека единствениот начин да се створи хармонично општество е да се прифати и поддржи љубовта без оглед на тоа во каква форма е изразена истата.

Фотографиите од фотоапаратот на Ванчо Џамбаски можете да ги погледнете на следиот линк: https://bit.ly/3dufFnU