Во новиот број на S-Work No.99 може да прочитате:

  • 17-ти декември – Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници 

Оваа година, по 13-ти пат се приклучуваме кон глобалното одбележување на 17-ти декември,  Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници. Овогодинешната кампања ја посветуваме на борбата против насилството и дискриминацијата со кои нашата заедница се соочува, особено во кризни ситуации како што е актуелната состојба со КОВИД-19 пандемијата.

  • Одбележување на 1-ви декември – Светскиот ден на СИДА

Секоја година, на 1-ви декември се одбележува Светскиот ден за борба против СИДА. Се започнало во 1988 година кога Светската здравствена организација за прв пат ги истакнала напорите на светот за борба против ХИВ/СИДА. Овој ден покрај изразување на поддршка за оние кои што живеат со ХИВ, е исто така ден кога се сеќаваме на оние кои ја изгубиле борбата со оваа болест.

  • Конкретни препораки и барања до институциите во насока на заштита и поддршка на сексуалните работници во Република Северна Македонија за време на КОВИД-19

КОВИД-19 пандемијата придонесе кон зголемување на многубројните здравствени и социјални нееднаквости помеѓу ранливите популации како што се секуалните работници/-чки. Сексуалните работници во голема мера го чуствуваат негативното влијание на КОВИД-19 врз повеќе сегменти од нивниот живот, врз нивната ментална, здравствена, социјална и економска благосостојба, како и потежок пристап до услугите поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје.

  • Истражувачки документ на Глобалната мрежа на проекти за сексуални работници (ГМПСР): Универзална здравствена покриеност за сексуалните работници

Во овој истражувачки документ на  Глобалната мрежа на проекти за сексуални работници (ГМПСР) се испитуваат импликациите на УЗП, конкретно за сексуалните работници во повеќе земји, членки на мрежата.  Истражувањето се базира на досегашните искуства на сексуалните работници на државно ниво, кои се соочуваат со големи предизвици во пристапот до здравствени услуги и вклучува препораки за тоа како стратешки да се вклучат во процесите и структурите на УЗП.

Истражувањето е спроведено во седум земји, со претходна е-консултација со организациите членки на ГМПСР, интервјуа со клучни информатори од меѓународните здравствени организации, како и организирање дискусии помеѓу фокус групи на женски, машки, трансродови сексуални работници, мигранти, корисници на дроги  итн., од организации предводени од сексуални работници, вклучувајќи ја и СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот.

Целата содржина на S-Work No. 99 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.