Во новиот број на S-Work No.98 може да прочитате:
- 20–ти ноември – Меѓународен ден на сеќавање на трансродовите жртви
Секоја година на 20-ти ноември, се одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите жртви, како ден на сеќавање на сите жртви кои г изгубиле своите животи како резултат на трансфобија и поради неприфаќањето на родовиот идентитет и сексуалната ориентација од страна на припадниците на поширокото општество. Одбележувањето на овој ден има за цел да го сврти вниманието кон насилството со кое се соочуваат лицата од трансродовата заедница во светот.
- Истражувачки документ на Глобалната мрежа на проекти за сексуални работници (NSWP): Економско зајакнување на сексуалните работници
Преку истражувањето кое NSWP го спроведе помеѓу своите организации – членки во 10 држави, меѓу кои и Република Северна Македонија, со учество на 430 женски, машки и трансродови сексуални работници во фокус групи – се потврдува потребата од дополнителни и реални алтернативни извори на приход кај заедницата на сексуални работници, како што е пристапот до финансиски услуги, банкарски услуги, кредити и штедење. При тоа, сескуалните работници се борат против дискриминацијата и исклучувањето што ја поттикнува економската несигурност кај оваа маргинализирана заедница.
„Во Република Северна Македонија, сексуалната работа не е регулирана со закон и не е признаена како и секоја друга работа. Сексуалните работници/-чки не ги уживаат работничките право подеднакво како и сите други. Оттука, сексуалните работници се изоставени од сите државни мерки за економска заштита, ниту пак ги користат државните мерки за социјално и економско зајакнување кај ранливите категории граѓани.“– СТАР-СТАР Скопје, Република Северна Македонија.
Влијанието на криминализацијата на сексуалната работа врз економското зајакнување на заедницата на сексуални работници е навистина големо.
- Како да се намали насилството врз сексуалните работници?
Во голема мера, насилството во животот на сексуалните работници е создадено од условите на криминализацијата на сексуалната работа. Сексуалната работа не е инхерентно насилна, но дискриминацијата и стигмата со кои се соочуваат сексуалните работници генерира насилство и го ограничува пристапот на сексуалните работници до правда. На глобално ниво, сексуалните работници се соочуваат со 45% до 75% шанса да доживеат насилство во текот на нивните животи.
- Пип-шоу: Романтичните животи на сексуалните работници и нивните партнери
Моите редовни клиенти, знаат дека сум во брак – нешто за што сум отворен – и тие често се дружат со мојот партнер. Новите клиенти, сепак, ќе го забележат мојот прстен и ќе ме прашаат дали сум во брак. Кога ќе одговорам „да“, тие скоро неизбежно се надоврзуваат со прашањето: „Дали тој знае?“
Целата содржина на S-Work No. 98 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.