Во новиот број на S-Work No.97 може да прочитате:
- Листа со факти за КОВИД-19 и сексуалната работа
Брзото ширење на пандемијата КОВИД-19 ги разоткрива и продлабочува постојните нееднаквости, особено кај веќе маргинализираните и стигматизираните лица, како што се сексуалните работници, ЛГБТИ лицата и (не)документираните мигранти, кои се особено погодени од пандемијата.
- Сексуалната работа во ниско равиените земји за време на пандемија
Во ниско развиените земји, сексуалните работници често пати се главните носители на храна за целото семејство, за нивните деца, браќа и сестри, и нивните баби и дедовци. Од нивните месечни приходи зависат цели семејства, што значи дека последиците од кризата со КОВИД-19 не ги погодува само сексуалните работници.
- Сексуалните работници стравуваат за својата иднина: „Нормално е дека ако не работам шест месеци, многу луѓе ќе ме заборават“
Со воспоставени правила за социјално дистанцирање и затворените стриптиз клубови и бордели, сексуалните работници ширум светот се уште се соочуваат со сиромаштија поради намалените приходи како резултат на пандемијата на коронавирусот. Плашејќи се за својата егзистенција, како и за здравјето, некои нудат услуги преку Интернет за да го продолжат својот бизнис, додека други се обраќаат до добротворните организации за помош.
- Барања и потреби на трансродовите луѓе во однос на ХИВ превенција во Република Северна Македонија
Трансродовите луѓе често се изложени на стигма и дискриминација во здравствените институции во Р.С. Македонија. Кога бараат здравствена услуга, тие се често вербално малтретирани, исмејувани, дури и не им се дава услуга. Ова придонесува тие често да немаат пристап до услуги, што повратно негативно се одразува на нивното здравје и благосостојба и ги става под ризик од ХИВ.
Целата содржина на S-Work No. 97 можете да ја прочитате/симнете тука.