Во новиот број на S-Work No.96 може да прочитате:
- Одбележување на 14-ти септември – Ден на гордоста на сексуалните работници
СТАР – Првиот Колектив на сексуални работници на Балканот, и оваа година се придружува на инцијативата на Global Network of Sex Work Projects – NSWP, за одбележување на 14-ти септември – Меѓународниот ден на гордоста на сексуалните работници. Денес ја славиме моќта на сексуалните работници и сите успеси што нè направија горди како колектив на сексуални работници во изминатата година во нашата земја, особено во време на пандемијата со КОВИД-19. Денес со гордост ги споделуваме нашите успеси.
- Митови поврзани со сексуалните работници и декриминализацијата на сексуалната работа и зошто се тие погрешни
Заедницата на сексуалните работници е една од најстигматизираните популации во општеството кои постојано се изложени на ризик од сексуално насилство, трговија со луѓе, небезбедни работни услови, ХИВ, СПИ и злоупотреба и малтретирање. Повеќето организации кои работат на заштита на правата на сексуални работници како и колективи предводени од самата заедница јасно повикуваат за декриминализација на сексуалната работа. Споделуваме дел од митовите поврзани со сексуалните работници и декриминализацијата на сексуалната работа и објаснување зошто се тие погрешни.
- Сексот не е дозволен во Берлинските бордели по нивното повторно отворање
Минатиот месец, борделите во Берлин, Германија, добија дозвола повторно да се отворат, откако беа затворени на неколку месеци поради мерките за ограничување за време на КОВИД-19 пандемијата, но сексот е сè уште целосно забранет. Наместо тоа, клиентите кои бараат сексуални услуги во германската престолнина ќе мора да се задоволуваат само со еротските масажи се додека регулативите не се олеснат во наредните месеци. И не се само клиентите фрустрирани од делумното олеснување на мерките. Сексуалните работници кои работат во борделите и тоа како ги чувствуваат негативните последици.
- Донаторска кампања за снимање на Beyond The Red Light – документарен филм за сексуалната работа
Британската продукциска куќа Aral Sea Productions имаат отпочнато донаторска кампања за собирање средства за снимање на својот документарен филм Beyond The Red Light“ за глобалното активистичко движење на сексуалните работници, вклучувајќи ја и нашата земја. По направените интервјуа со неколку организации кои работат на заштита на правата на сексуалните работници, тимот одлучува да го вклучи СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот во снимањето на глобалната приказна за секуалната работа во Република Северна Македонија.
Целата содржина на S-Work No. 96 можете да ја прочитате/симнете тука.