Во новиот број на S-Work No.95 може да прочитате:

  • Јавен извештај на Amnesty International: Вклучете ги сексуалните работници во програмите за помош и поддршка од КОВИД-19

Amnesty International ги повикува владите да преземат насочени активности за решавање на различното влијание на КОВИД-19 врз сексуалните работници и да го заштитат нивното здравје, преку  решавање на клучните прашања кои ги засегаат сексуалните работници уште од самиот почеток на пандемијата,  како што е нивно исклучување од мерките за социјална и економска поддршка, зголемена криминализација и недостаток на заштита од насилство и намален пристап до здравствени услуги.

  • Сексуалните работници  се соочуваат со сиромаштија за време на пандемијата со КОВИД-19

Ситуацијата со сексуалните работници е навистина тешка во земји каде сексуалната работа не е законски регулирана, а особено во време на пандемијата со КОВИД-19. Голем број сексуални работници прифаќаат одредени ризици со цел да избегнат сиромаштија како последица од кризата со Коронавирусот.

  • Дали трансродовите лица се прифатени во Република Северна Македонија и каков е нивниот пристап до здравствените услуги и услугите поврзани со ХИВ?

„Генерално сметам дека воопшто не сме прифатени, до степен каде што воопшто не постои простор за дискусија на тема прифаќање од општеството, и тоа од повеќе аспекти. Почнувајќи од околината, образовниот процес, здравствените и останатите државни институции кои нудат услуги, исто така останати институции како на пример банки, па сѐ до самиот систем кој практично не го препознава нашиот идентитет, и со тоа директно воспоставува пракса на директна дискриминација.“

  • Безбеден секс за време на КОВИД-19

За време на пандемијата со КОВИД-19, со постоењето на мерките за заштита и ограничувањата како физичкото дистанцирање, многу често се поставува прашањето како да се намали ризикот од ширење на КОВИД-19 за време на сексот, со цел да го заштитиме сопственото здравје, здравјето на партнерите и јавното здравје.

Целата содржина на S-Work No. 95 можете да ја прочитате/преземете на следниов ЛИНК.