Во новиот број на S-Work No.93 можете да прочитате:

2-ри јуни – Меѓународен ден на сексуалните работници

Секоја година на 2-ри јуни се одбележува Меѓународниот ден на сексуалните работници. Повод за одбележување на овој ден претставува акцијата во 1975 година, кога на 2-ри јуни се собрале околу 100 сексуални работници кои ја окупирале црквата Св. Низиер во Лион, Франција, со цел за да го изразат својот гнев за нивните дискриминирани и експлоататорски услови за живеење и работење. На 10-ти јуни, во 5 часот црквата била брутално нападната од страна на полицијата. Оваа нивна протестна акција претставува почеток на меѓународното движење на секусалните работници кои се залагаат за своите права. Оттогаш, секоја година овој ден се одбележува како Меѓународен ден на сексуалните работници во Европа и низ светот.

Кампања за одбележување на 2-ри јуни – Меѓународен ден на сексуалните работници

СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во соработка со феминистичката платформа Медуза и Сенки и облаци, организираат заедничка кампања со спроведување на активности по повод одбележувањето на 2-ри јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници.

Феминизмот и сексуалната работа

„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”

Олеснет пристап до социјална заштита за најранливите категории на граѓани во околности предизвикани од КОВИД-19 пандемијата

Министерството за труд и социјална политика, се со цел да им помогне на најзагрозените граѓани во Република Северна Македонија, го прилагоди системот на социјална заштита во пресрет на потребите на граѓаните.

Целата содржина на S-Work No.93 можете да ја прочитате/симнете на следниов ЛИНК: