Во новиот број на S-Work No.92 може да прочитате:

ДОНИРАЈ! НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ! Добротворна кампања за помош на сексуалните работници

Сексуалните работници се наоѓаат во навистина тешка состојба, особено поради тоа што се исклучени од националните економски мерки. Тие се соочуваат со губење на своите работни места, драстично намалување на бројот на клиентите, а со тоа и губење на приходите од кои им зависи езгистеницијата.

1-ви мај – Меѓународен ден на трудот: Сексуалната работа е слободен избор на професија

Традиционално на 1-ви мај секоја година во повеќе земји ширум светот, како и во Република Северна Македонија се одржуваат протести во знак на одбележување на Меѓународниот ден на трудот.

„Нашата работа подразбира блиски контакти со луѓе“: Како сексуалните работници се борат во услови на криза?

Многу работници се соочуваат со неизвесна иднина или непосредна финансиска борба како резултат на појавата на коронавирусот. A за една професија, влијанието е неизбежно. „Имаме многу проблеми“, вели Кари Мичел, портпарол на Aнглискиот колектив на сексуални работници (ЕCP). „Бидејќи сексуалната работа подразбира близок контакт со луѓе“.

Нов Зеланд финансиски им помага на сексуалните работници за време на КОВИД-19 пандемијата

Заедницата на сексуални работници во Нов Зеланд има поминато децении работејќи со Владата за изнаоѓање на модел за регулација на сексуалната работа. Нивната борба и упорност, на крајот се исплатела, а особено сега, за време на кризата со Ковид-19.

Целата содржина на S-Work No.92 можете да ја прочитате/симнете на следниов ЛИНК: