Во новиот број на S-Work Nо.91 можете да прочитате:

Совети за заштита од КОВИД19 кај сексуални работници

Со цел да го минимализираме ризикот од пренос на КОВИД-19 кај сексуалните работници, кај оние кои сепак се одлучиле да продолжат да работат во овие небезбедни услови, споделуваме документ за намалување на штети кај сексуални работници кој содржи:
– Упатство за заштита од КОВИД-19;
– Протокол за заштита од КОВИД-19 кај сексуални работници;

Сексуалните работници се изложени на сиромаштија и бездомништво поради Ковид­ 19 пандемијата

Со воведените мерки за заштита од Коронавирусот, на властите им се дава овластување да го приведат секој оној кој го загрозува сопственото или туѓото здравје и има право да дели санкции, а со тоа сексуалните работници стравуваат да бидат апсени или казнувани.

Како сексуалните работници се справуваат со коронавирусот

„Веќе започнав да забележувам намалување на клиентите и дури и пред да започнат строгите ограничувања. Може да се каже дека луѓето се навистина исплашени. Чудно е, но сепак се уште добивам телефонски повици, прашувајќи ме дали се уште работам“.

Сексуална работничка: Како Коронавирусот го уништува мојот бизнис

Коронавирусот поттикнува страв кај сите луѓе подеднакво и потребна е подеднаква помош и поддршка за сите. Да не ги заборавиме сексуалните работници, кои токму поради недостатокот на безбедност сме дополнително ранливи.

Целата содржина на S-Work Nº 91 можете да ја прочитате/симнете на следниов ЛИНК