СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Блаканот, како и секоја година се приклучува во борбата за социјална правда и почитување на правата на сексуалните работници како во Република Северна Македонија, така и на глобално ниво. На овој ден сакаме да го свртиме вниманието кон активизмот на заедницата сексуални работници и значењето кое таа го постигнува за зголемување на видливоста во јавноста преку вклучување во јавни настапи, протести и маршови.
Што велат сексуалните работници и светски познати организации за правата на
сексуалните работници?
Општата претпоставка дека сексуалните работници шират сексуално преносливи болести ја зголемува стигмата и дискриминацијата врз сексуалните работници. Ако сте сексуален работник, се верува дека мора да имате ХИВ или сте под голем ризик за пренос на овој вирус.
Со донесување на новиот закон во 2016 година со кој се криминализираат клиентите на сексуалните работници, во повеќето земји каде овој закон стапил на сила, заедницата на сексуални работници се изјаснила дека се намалила нивната контрола врз работните услови, како и бројот на клиентите.
Во последниве 6 месеци, најмалку 10 сексуални работници беа убиени. Џесика била транс сексуална работничка од Перу, која дошла да работи во Франција минатата година. Таа била дел од здружението Acceptess-T кое и пружало социјална, правна, здравствена и административна поддршка, како и емоционална и психолошка поддршка. Како и повеќето од заедницата сексуални работници, Џесика се стремела кон подобар живот во оваа земја и се борела против криминализацијата на сексуалната работа, како и дискриминацијата со кои се соочуваат овие маргинализирани лица, особено оние кои се најпогодени, како што се мигрантите, трансродовите лица и лицата кои живеат со ХИВ.
Целата содржина од нашиот онлајн Магазин можете да ја погледнете тука: